Дизајнирање на виртуозни згради: 6 проекти кои комбинираат одржливост и перформанси. Прошетка во седиштето на Saint-Gobain во Париз.

Прошетка во седиштето на Saint-Gobain во Париз

 

Облеката што ја користат номадските народи во пустината (бедуини, бербери, туарези, меѓу другите) обично е темна, долга и изработена од тешка ткаенина. Спротивно на здравиот разум кој би препорачал лесна, светла и кратка облека за топла клима.

Но дали некогаш сте се прашале зошто е тоа така?

Бидејќи тешката и широка облека поттикнува воздушна конвекција, овозможувајќи постојан проток на воздух по телото, и обезбедува термичка удобност во сушните клими.

Истата аналогија важи и за градбите Кога се пристапува кон енергетската ефикасност и перформансите на проектот, неизбежно се зборува за неговата фасада, како еден од многуте аспекти на проектот. Притоа имајќи во предвид дека едно успешно решение на една локација нема секогаш да биде ефикасно на друга локација.

Последниве 2 години се креирани бројни статии за одржливоста на објектите во градежната индустрија. Но, како проектите според нивните специфични барања, ги применуваат решенијата за одржливост, со цел да станат ефикасни и одржливи?

Во оваа статија ќе ве запознаеме со 6 репрезентативни објекти низ светот, кои по своите карактеристики се далеку над просекот, и кои за своите корисници обезбедуваат одлични перфоманси.

The Curve/ Chartier Dalix Architectes, во Франција

The Curve

The Curve, e комерцијална зграда во Париз која е завршена во 2020 година, за која е карактеристично дека има за 40% помала потрошувачка на енергија од она што е наведено во француската термална регулатива за нови згради (RT 2021). Објект кој постигнува високи еколошки цели: го исполнува францускиот HQE стандард и е сертифициран од BREEAM и Effinergie+.

Ова се должи на природните изолациони својства на дрвената конструкција, но и на перформансите на отворите, кои имаат COOL-LITE® XTREME соларно контролно стакло. Има одличма преносливост на светлина, или поголема од 2 (т.е. двојно повеќе од природното ниво на осветлување преку сончевиот зрак што се пренесува во внатрешноста) и вредност Ug до 0,9 W/m²K (колку Ug е помала, толку е подобра топлинска изолација).

Szervita Square Building / Antal Fekete, DVM Group and László Gellár во Унгарија

Szervita

Во оваа мултифункционална зграда на плоштадот Сервита во Будимпешта, целата структура на зградата архитектите ја дизајнираа од стакло. Интересно за овој објект е што избраното стакло, COOL-LITE® XTREME SILVER II, ги рефлектира околните историски градби, што резултира со жив колаж од старо и ново. Рефлектирачкиот изглед е комбиниран со висока сончева контрола, која блокира голем дел од сончевото зрачење и обезбедува висока удобност на корисниците на објектот како и заштеда на енергија. Ова е една од причините зошто зградата ги исполнува највисоките барања и е првиот мултифункционален LEED Platinum објект во ЕУ.

Центар за уметност и музичко училиште Muxikebarri во Шпанија

Muxikebarri

Во Центарот за применета уметност и музичко училиште Muxikebarri, архитектите на LMU Arkitektura успеаја да создадат обележје на градот, инкорпорирајќи ги функциите на културен центар кој се грижи за екологијата, а истовремено обезбедува термичка и акустична удобност за корисниците. Според тимот на проектот: „Застаклените фасадни рамнини сочинуваат двослоен систем кој ги вметнува своите потпори внатре, фиксирани со помош на поцинкувани елементи. На југ тие функционираат како уреди за вентилација за термичка регулација, a на север како инструменти за термичка компензација. Околината е создадена со усвојување на систем од дрвени летви (стандарден профил 40cm x 20cm оптимизиран на два дела кога се сече дијагонално) кој работи како ладилник a се протега низ целиот проект.

Casa GZ / Studio Cáceres Lazo

CasaGZ

Со новите технологии кои се денес  достапни на пазарот, користењето на обемна стаклена фасада  нужно не значи добивки или загуби на енергија. Во случајот на Casa GZ, од Studio Cáceres Lazo, големото стакло на источната фасада е термичко со високи перформанси поради неговата ниска емисивност (способност на стаклото да пренесува топлина помеѓу внатрешноста и надворешноста преку топлинска спроводливост).

WMS Boathouse во Clark Park / Studio Gang

Boathouse

За објектот WMS Boathouse во Кларк Парк, архитектонското студио Studio Gang Architects избра да користи сончево контролно стакло со големи застаклени површини. Кое реагира на сончевата светлина различно од обичното стакло, поради специјалната обвивка што се депонира на стаклената површина за време на неговото производство.

На овој начин, голем дел од топлината се апсорбира од стаклото, но не се испушта во внатрешноста на зградата, туку се рефлектира надвор. Во овој случај, изборот на стакло беше исклучително важен, бидејќи тоа беше и наведено во описот на проектот истакнаа од одговорниот тим, кои дополнително изјавија дека: „Застаклувањето овозможува подот на конструкцијата да се загрева во зима и да се вентилира во лето, со цел да се минимизира потрошувачката на енергија во текот на годината”.

Прошетка во седиштето на Saint-Gobain / дизајнирано од Valode & Pistre

laurent

valode

За една компанија, можноста за изградба на седиште генерално се користи за да ги афирмира своите вредности во општеството. Во случајот на Saint-Gobain, француски производител на различни градежни материјали, преку архитектурата исто така се настојува да се демонстрира одржливост и стремеж кон високи перформанси што брендот се обидува да ги постигне со сите свои производи.

Кулата Saint-Gobain во La Défense, Париз, дизајнирана од студиото Валоде и Пистре може да се спореди со збир од три кристали кои ја зграпчуваат и дифузираат светлината создавајќи игра на рефлексии и транспарентност. Големите зелени површини придонесуваат за аурата на зградата, како и кон високи еколошки перформанси, а до градините на сите катови може да се пристапи директно од канцелариите. За разлика од повеќето стаклени деловни згради, кулата Saint-Gobain има голема транспарентност и динамична силуета поради движењето кон внатре. Стаклото е во фокусот на активностите на компанијата, нагласувајќи ги неговите естетски квалитети и својство на пренос на светлина, овозможување на топлинска изолација и соларна контрола.

Иако повеќе фактори влијаат на перформансите и енергетската ефикасност на една зграда, сепак фасадите играат клучна улога, бидејќи тие ја претставуваат првата бариера против топлина, студ, ветер и лошото време. Додека вратите и прозорците, се најчесто слаби точки и места каде што е тешко да се контролира загубата и добивката на топлина. Стаклото, доколку е правилно изведено и според барањата на секој специфичен проект, може да придонесе кон постигнување на одржливи и добри перформанси на една зграда.

Статија e напишана во соработка со ArchDaily

Оригиналниот текст е на следниов линк

https://www.archdaily.com/976258/designing-virtuous-buildings-6-projects-that-combine-sustainability-and-performance