
Rigips директен држач за CD профил 125mm
Директен држач за CD профили 125mm. Изработен од галванизиран челик, со перфорации за фиксирање на CD профилите по бараните димензии. Се употребува за изработка на ѕидни и плафонски облоги.

Rigips дупли висечки федер држач
Дупли висечки федер држач во комбинација со жиците овозможува прилагодување на висината на спуштените плафони.

Rigips Федер држач со лента за Т профили
Федер држач со лента за T профили, кои се составна конструкција за касетни спуштени плафони.

Rigips Федер држач со сигурносна стега
Висечки федер држач со сигурносна стега, во комбинација со жица и CD профили за изведба на спуштен плафон.

Rigips Hartfix завртка
Гипс завртка со тенка глава, изработена од челик, отпорен на корозија, TMN тип со контра навој под главата, за прицврстување на гипскартонски плочи со поголема густина, Rigips Habito, Rigips Fonic, на дрвена или челична потконструкција од профили со максимална дебелина на профилите од 0,75mm.

Rigips хартиена бандаж лента
Хартиена бандаж лента обезбедува засилена врска помеѓу масата за исполнување, гипс картонските плочи и други материјали со намален ризик за појава на пукнатини.

Rigips Крстаста спојка
Крстаста спојка за изведба на позиции каде се вкрстуваат CD профилите во дупла конструкција, за спуштен плафон со гипс картонски плочи.

Rigips Линиска спојка за CD профили
Линиска спојка за CD профили, за спуштен плафон од гипс картонски плочи, за CD профили монтирани на исто ниво но во два различни правци под агол од 90°.

Rigips нониус држач
Нониус држач, составен од неколку делови, горниот дел се фиксира за бетонска површина со DN 6 метален клин. Перфорациите во вертикалниот држач служат за подесување на саканата висина. Долниот дел од држачот се фискира на вертикалната перофорирана пружина со помош на нониус осигурувач.