Нашата посветеност за одржливоста

1. Го намалуваме еколошкиот отпечаток на објектите

Нашата компанија е вистински пионер на полето на одржлива градба.
Развиваме и произведуваме материјали и решенија за намалување на еколошкиот отпечаток на објектите, од изолационите системи до стаклото за прозорите или фасадите. Ќе ви помогнеме да се здобиете со LEED, BREEM и сертификати за мулти-комфорт. 
 

Го намалуваме еколошкиот отпечаток на објектите

 

2. Го намалуваме еколошкото влијание на производството


Да се биде лидер значи, меѓу другото, да се постави пример,
па токму затоа исто така мислиме на сопствениот еколошки отпечаток. Веќе користиме отпадоци од нашето производство и рециклиран градежен материјал во нашето производство. Но, планираме многу повеќе-проверете ги нашите цели.


 

Го намалуваме еколошкото влијание на производството

 

Нашата посветеност за 2030 и 2050* или од зборови до дела

И ние имаме допринос за климатските промени и сега е време да го поправиме тоа. Имаме поставено јасни цели за наредните години:

Директните CO2 емисии

Директните CO2 емисии

Ќе го редуцираме директниот CO2 емисиите од од согорувањето на горивата (на пример, природен гас, кокс) и индиректните емисии од купената енергија за 33%.

Индиректни емисии на CO2

Индиректни емисии на CO2

Ќе ги намалиме индиректните емисии на CO2 од нашиот синџир на вредност (суровини, транспорт, патувања...) за 6% до 2030 година.

Карбон неутралност

Карбон неутралност

Обврските за намалување на емисиите на CO₂ до 2030 година се првиот чекор на нашиот пат кон карбон неутралноста. И продолжуваме!

Вода

Вода

До 2030 година ќе ја намалиме потрошувачката за 50% и нема да испуштаме отпадни води во подрачја загрозени од суша.

Циркуларна економија

Циркуларна економија

Веќе користиме градежен отпад и рециклирани материјали од нашите сопствени производи. Ќе го намалиме нерециклираниот отпад за 80% до 2030 година.  

Рециклирање на суровини

Рециклирање на суровини

Примарните суровини се намалуваат, па сакаме да замениме најмалку 30% од нив со материјали што може да се рециклираат до 2030 година.

Рециклирање на пакување

Рециклирање на пакување

Пакувањето за нашите производи ќе содржи најмалку 30% од рециклиран материјал и ќе може целосно да се рециклира.

Транспарентност на производот

Транспарентност на производот

Ние спроведуваме анализа на животниот циклус (LCA) за сите производствени линии за да го знаеме нивното влијание врз животната средина.