Решенија за индустрија

SAINT-GOBAIN ПОКРАЈ ГРАДЕЖНИТЕ 
НУДИ И ДРУГИ ИНДУСТРИСКИ РЕШЕНИЈА

Saint-Gobain Групацијата произведува материјали, компоненти и решенија со високи перформанси, кои се применуваат во значителен број на индустрии. Тие наоѓаат примена во областа на безбедноста, индустриската опрема и апаратите за домаќинство.

Saint-Gobain се потпира на силна експертиза во науката за материјали, формулации, дизајнот на изведба за автомобилско стакло, керамика, абразивни решенија збогатени со полимери и стаклени влакна. Ова долгогодишно искуство се применува во најсовремени апликации, за кои се неопходни материјали со специфични карактеристики како отпорност на екстремни температури, абразија, високи барања за хемиска стабилност и постојаност.