Согласност за обработка на лични податоци за маркетинг цели

Согласност за обработка на лични податоци за маркетинг цели

 

Со пополнување и доставување на формуларот на нашата веб-страница, се согласувате дека компанијата Саинт-Гобаин Унгарија ДОО-Преставништво Скопје-Гази Баба, со седиште на улица 808 бр.2, ЕМБС: 6926339, компанија регистрирана во Централниот регистар, (во натамошниот текст „Saint Gobain“), како контролор, може да ги обработува личните податоци наведени овде за маркетинг цели, т.е. може да ви испрати информативни пораки за вести во врска со нејзините активности на наведената адреса на е-mail, на пр. временски ограничени настани со попуст, информации за нови производи и услуги, продажни места и понуди за услуги. Во исто време, можеме да ги прилагодиме овие податоци на вашите индивидуални интереси.


Правна основа за обработка е член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци (Ваша согласност). Обезбедената согласност е доброволна и се дава за период од 5 години. 


Дадената согласност може да ја повлечете во секое време со контактирање на Saint-Gobain како што е опишано во Политиката за приватност. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на личните податоци извршена врз основа на согласност до моментот на нејзиното повлекување. Со ваша согласност, вие исто така изјавувате дека сте овластени да ја дадете оваа согласност, дека сте лице над 15 години и дека сте свесни за влијанието на вашите постапки за заштитата на личните податоци.
Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на следната електронската адреса (e-mail) info.mk@saint-gobain.com. На истата електронска адреса можете да се обратите во врска со сите Ваши прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци.


Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на Saint-Gobain не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија. 

За подетални информации за вашите права и нивната примена, како и за начинот на кој се обработуваат вашите лични податоци, ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност.