Решенија за градежништво

ЕДЕН КОНТАКТ-ПОВЕЌЕ МАТЕРИЈАЛИ

Работете со еден добавувач. Посебно кога станува збор за големи проекти, целиот процес ќе биде полесен а воедно ќе обезбедите и подобра цена за материјалите.

time
Ви штедиме време

Наместо неколку добавувачи, ќе имате еден партнер-нас. Ова значи поефективна комунинација и проектен менаџмент.

money
Ви штедиме пари

Една детална пресметка за целосната градба или објектот ќе ве чини многу помалку отколку повеќе буџети од неколку добавувачи.

expertize
Ви нудиме експертиза

Кога веќе сте во проектна фаза, ќе ви помогнеме да ги оптимизираме перформансите на градбата.

ЗОШТО ДА РАБОТИТЕ СО НАС?

Широката палета од производи ќе ви дадат решение за вашата градба или за реновирањето. Така што нема да морате да контактирате различни добавувачи.
Нашата уникатност се потпира на трите столба:

Техничка поддршка

  • Голем тим на обучени технички советници
  • Техничка документација за дизајнери и архитекти
  • Обука за поддршка и консултација на градилиштето

Комплексно решение

  • Материјали кои одговараат на трендовите на пазарот
  • Системски состави на градбата
  • Компатибилни материјали од еден извор

Внимателен пристап

  • Контролирано одржливо производство
  • Производи без емисија на штетни гасови
  • Документација како доказ за влијанието на животната средина  EPD

ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Високо квалитетната и професионална техничка подршка е најважна за нас. Но сакаме да одиме уште еден чекор понапред, да придонесеме за здравјето на луѓето и нашата планета. Уште повеќе кога новите домови, населби и цели градови се создадени од нашите материјали. Овие аспекти се клучни за нас:

energie
ШТЕДЕЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Произведуваме материјали кои се најважното решение за штедење на електрична енергија. Од материјалите за изолација до системите за изолација па се до изолациони стакла за прозори и фасади. Ние ја чуваме планетата и вашиот џеб.

voda
ШТЕДЕЊЕТО НА ВОДА

Нашите материјали за лесна градба бараат минимална потрошувачка на вода за вградување. Хидрофилната изолација за зелени кровови или цевки од леано железо со нула губиток за време на дистибуцијата на вода е посебно поглавје.

recyklace
РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ПРОИЗВОДОТ

Во производството, користиме отпадоци и остатоци од нашите сопствени производи, како и одбран шут од градежното уривање. На пример гипскартонските плочи или полистиренот можат да се користат на тој начин.

materiály
ЕФЕКТИВНА РАБОТА СО МАТЕРИЈАЛИТЕ

Развиваме решенија кои ја забрзуваат градбата: материјали кои се лесни за процесирање и вградување, сеопфатни системи за различни видови на градби, и производи за префабрикување и модуларна градба.

Certifikát
СЕРТИФИКАТИ

Повеќе од нашите производи имаат EPD сертификат, т.е. еколошка декларација за производот. Овој документ го документира еколошкото влијание на производот, од екстракцијата на суровините до нивното уништување.

zdraví a pohoda
ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА

Нашите материјали им овозможуваат на корисниците на објектот акустичен комфорт, здрава внатрешна средина и многу светлина. Така, тие придонесуваат за попријатен живот.