Нашата стратегија

Нашата визија

Да бидеме лидер на одржливата градба која го подобрува секојдневниот живот преку моќни решенија.

Ние сакаме да ја зајакнеме нашата позиција во полето на лесна и одржлива градба и да станеме тие кои ќе дадат насока за да се подготви патот за другите.

До 2050, ќе има 10 милјарди луѓе на Земјата: на сите нив ќе им треба сместување, ресурси, транспорт. И чувствуваме одговорност да имаме главна улога во оваа ситуација: да придонесеме да се осигура удобно домување, да се заштитат ресурсите и да се бориме против климатските промени.

The Grow & Impact програмата не обврзува да го зголемиме нашиот позитивен придонес кон општеството и планетата. Рака под рака со оваа стратегија е планот за карбон неутралност, кој ќе го постигнеме до 2050.

Нашата мисија

Дизајнираме, произведуваме и дистрибуираме материјали и решенија дизајнирани за благосостојбата и иднината на сите.

Нудиме алтернативи за тешка градба: нашите методи на градба, решенија и услуги се поодржливи (намалени емисии на јаглерод диоксид, намалена потрошувачка на ресурсите), поголема ефикасност (пократок период на градба, заштедување финансиски средства) и да се стават луѓето, нивното здравје и удобноста во преден план (полесна монтажа и демонтажа, топлинска и акустична удобност).

➜ Одржливите решенија претставуваат 72% oд нашата продажба.

➜ Решенијата кои ние ги продаваме во една година елиминираат околу 1,300 милиони тони CO₂ емисии за време на нивниот животен век.

Ние им даваме подршка на градежните професионалци. Им обезбедуваме сè посигурни решенија кои ги подобруваат перформансите и продуктивноста. Нудиме бесплатни технички совети и вебинари, организираме курсеви и обуки за сертификација каде мајсторите учат да работат професионално со нашите материјали.

 

 

vision
3d print

 

Во производството ги користиме најсовремените технологии и трендови. Тие вклучуваат:

префабрикување: ги забрзува фазите на градба, го ублажува недостигот на работна сила, го намалува производството на отпад;

3D печатење: отвора нови архитектонски можности кои носат креативност, одржливост и ефикасност на теренот;

дигитално градежништво: ја подржува соработката на виртуелен модел и го намалува ризикот од удари и трошоци во текот на животниот циклус на зградата.

 

CEO

Целокупната Grow&Impact програма јасно ја дефинира визијата и стратегијата на Saint-Gobain Групацијата и влијанието на нејзините активности на светот околу неа. Ја дефинира визијата која дава јасна насока и цел на тоа што правиме, ги насочува нашите активности и планови до појасна и разбирлива цел: ДА СЕ БИДЕ ЛИДЕР ВО МОДЕРНОТО ГРАДЕЖНИШТВО И ОДРЖЛИВAТА ГРАДБА.

Tomáš Rosák
CEO, Источна Европа