Ние сме ТОП работодавец

TOP Employer GLOBAL

top employer

 

SAINT-GOBAIN рангиран меѓу најдобрите глобални работодавачи осма година по ред

SAINT-GOBAIN го доби признанието за најдобар работодавач во светот осма година по ред. Само 15 компании на светско ниво го добија ова реномирано признание.

Во таа прилика Клер Педини, Виш потпретседател за човечки ресурси и корпоративна општествена одговорност во Saint-Gobain изјави "Новото признание "Најдобар работодавач во светот" e награда за сите активности имплементирани од Saint-Gobain ширум светот за да биде одлично место за работа, каде што се препознава талентот на секој поединец, како и посветеноста на тимовите. Истовремено е доказ дека како одговорен работодавач секојдневно придонесуваме кон градење на поодржлив и поинклузивен свет, во согласност со нашата цел „Making the world a better home“ и нашиот стратешки план „Раст и влијание“ кои што изминатиот период ги имплементиравме. Тоа е награда за континуираните напори на нашите тимови, особено во делот на човечките ресурси, да продолжат да напредуваат и да постигнат исклучителен резултат, според кој дури 90% од вработените во Saint-Gobain изјавиле дека се горди што работат во оваа компанијата. Ова достигнување е резултат на успешната културна трансформација, која се заснова на доверба, соработка и охрабрување“.

 

 

 

Пo 20-те критериуми анализирани од Top Employers Institute, Saint-Gobain оваа година има значителен прогрес во 15 од нив, посебно во делот одржливост (+6,69%), Диверзитет и инклузија (+3,12%), Дигитални човечки ресурси (+3,04%), благосостојба на вработените (+2,79) и привлекување таленти (+2,43%).

Со вклучувањето на Перу и Сингапур во ова рангирање, оваа година 40 земји во кои работи Групацијата Saint-Gobain го добија признанието "Најдобар работодавач" Top Employer.

Целокупната листа на земји кои го добија ова признание: Аргентина, Австрија, Белгија, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Чешка Република, Данска, Египет, Естонија, Финска, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Ирска, Италија, Јапонија, Малезија, Мексико, Холандија, Перу, Полска, Португалија, Романија, Саудиска Арабија, Сингапур, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шпанија, Шветска, Тајланд, Турција, ОАЕ, ВБ, САД, Виетнам.

HR Director

Навистина сум горд на сите вработени кои создаваат толку одлична компаниска култура. Оваа награда е резултат на долгогодишна работа на менаџментот, раководните лица и персоналот. Сите тие ни помогнаа да го постигнеме овој резултат. Позицијата на најдобар работодавач го потврдува не само овој сертификат, туку и одговорите на вработените во анкетата за задоволство од октомври минатата година, која кај нас ја спроведе компанијата IPSOS во која учествуваа повеќе од 3.500 вработени, а 84% од нив го препорачуваат Saint-Gobain како добар работодавец.

Robert Kudrna
Директор за човечки ресурси на Групацијата Saint-Gobain за Источна Европа