Одржливост

 

making the world a better home

Ние се водиме од јасна мисија: Making the world a better home. Затоа произведуваме материјали кои придонесуваат за удобност и здрав живот како и помала потрошувачка на енергија на градбите.

Ние никогаш не се задоволуваме само со претходите признанија за успеси и постојано иновираме. Бараме решенија за да постигнеме најголема можна хармонија меѓу човекот и природата и да обезбедиме одржлива иднина за нашата планета.​

Image
Multicomfort

Мислиме на планетата

Ние не ги затвараме очите пред климатските промени. Ние имаме конкретен план.

Image
Thinking about you

Мислиме на вас

Развиваме решенија за одржливо, комфорно и здраво живеење без компромиси.

Мислиме на планетата

 

Имаме голем предизвик. За да го постигнеме, си поставивме неколку обврски за намалување на влијанието на нашите активности врз животната средина. Главната цел? Карбон неутралност до 2050.

ВИДЕТЕ КАКО ГО ОСТВАРУВАМЕ ТОА ➜
zero carbon

Мислиме на Вас

ОДРЖЛИВО ДОМУВАЊЕ

Веќе подолг период го промовираме градењето на одржливи градби. Но да не застанеме на таа идеја, ние развиваме материјали и интергирани системи кои ги почитуваат луѓето и животната средина.

Користиме локални и рециклирани суровини, работиме со материјали на база на вода и користиме добавувачи, кои, како нас, користат систем за управување со животната средина.

Специфични придобивки од одржливоста на нашите материјали:

energie

Штедење енергија

Произведуваме производи кои се главно решение за штедење на енергија. Од материјалите за изолација до изолационите системи па се изолациони стакла за прозори и фасади. Се грижиме за планетата и вашиот џеб.

voda

Штедење вода

Нашите материјали за лесна градба бараат минимална потрошувачка на вода за вградување. Хидрофилната изолација за зелени кровови или цевки од леано железо со нула губиток за време на дистибуцијата на вода е посебно поглавје.

materiály

Ефективна работа со материјалите

Развиваме решенија кои ја забрзуваат градбата: материјали кои се лесни за процесирање и вградување, сеопфатни системи за различни видови на градби, и производи за префабрикување и модуларна градба.

Certifikát

Сертификати

Повеќе од нашите производи имаат EPD сертификат, т.е. еколошка декларација за производот. Овој документ го документира еколошкото влијание на производот, од екстракцијата на суровините до нивното уништување.

recyklace

Рециклирање на производот

Во производството, користиме отпадоци и остатоци од нашите сопствени производи, како и одбран шут од градежното уривање. На пример гипскартонските плочи или полистиренот можат да се користат на тој начин.

zdraví a pohoda

Здравје и благосостојба

Нашите материјали им овозможуваат на корисниците на објектот акустичен комфорт, здрава внатрешна средина и многу светлина. Така, тие придонесуваат за попријатен живот.