Адора Flatiron, Скопје, Македонија

Adora Flatiron

Проектот Адора Flatiron во срцето на Скопје е станбена зграда со претпознатвив екстериер со архитектура што восхитува со висина од 60 метри со 16 ката - со 279 модерни домови и луксузни пентхаус апартмани на вкупна површина од над 23.000 m².

Надворешната архитектура на комплексот Адора Flatiron Скопје е инспирирана од изгледот на една од најславните згради во светот, Fuller Flatiron на њујоршки Менхетн, со триаголната форма лоциран помеѓу двете познати улици Петтата авенија и Бродвеј. Зградата е добитник на престижната меѓународна награда The Bizz 2016, во Монте Карло, Монако, од Светската бизнис конфедерација за исклучителни иновации во стилот и квалитетот на домувањето и Националната награда од Министерството за економија за изградба на зелени домови без еколошко и акустично загадување , како дел од светската кампања за градење зелени градови. Со користењето на решенијата на Saint-Gobain за акустика со високи перформанси Rigips Blue Acoustic RFI системот со Isover Akusto овој проект ги подигна критериумите за звучна изолација значително над стандардите.