Bosco Verticale, Милано, Италија

Најубавиот облакодер на светот. Специјалните фасади на две станбени кули високи 111 и 76 метри во Милано, Италија се покриени со повеќе од 100 различни видови растенија на површина од 20.000 квадратни метри, а вкупно можеме да најдеме над 700 дрвја и 16.000 други растенија и грмушки. Решението за изолација беше главно за таквиот проект а се користеше ISOVER стаклена волна.
Зградите се изградени помеѓу 2009 и 2014 година според дизајнот на архитектот Стефан Боери.
Овој иновативен проект за вертикално метрополитенско позеленување придонесува за регенерација на животната средина и урбаниот биодиверзитет. Таа беше развиена од страна на Hines Italia во Милано и ја освои првата „ International Highrise Award “. Зградите ја ладат околната клима, служат како таргет за локалната фауна, го заробуваат смогот, а локалните растенија апсорбираат 20 тони јаглерод диоксид и произведуваат 19 тони кислород годишно.