Isover ви го преставува новото пакување на производите

За да го намалиме еколошкиот отпечаток на нашето пакување и да ја подобриме неговата можност за рециклирање, ние во Isover развивме нов дизајн со намалено количество мастило (максимум 15% покриеност) на проѕирна или бела основна фолија. Новото пакување постепено ќе ги замени сите постоечки до крајот на 2025 година.
Пластичните фолии играат важна улога во заштитата на изолациониот производ од прашина, УВ и дожд. Покрај тоа, технологијата на пакување овозможува компресија на ролните, со што значително се намалува јаглеродниот отпечаток на транспортот. Isover исто така започна да интегрира рециклирана пластика во своето пакување.
Новиот дизајн е целосно заснован на повратни информации од нашите клиенти и има за цел да го олесни нивниот избор.
Горди сме што правиме уште еден чекор кон постигнување на нашите цели за одржливост. Ова е многу повеќе од само нов визуелен идентитет, овој нов пристап доаѓа како додаток на сите наши активности за намалување на отпечатокот на нашите решенија и достигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година, истовремено зголемувајќи го нашето позитивно влијание на пазарот и позитивното искуство на нашите клиенти. Оваа стратегија е, исто така, целосно во согласност со заложбите на Saint-Gobain да го направи целото пакување кое може да се рециклира до 2030 година и да вклучи минимум 30% рециклирана содржина.

Еден од производите со ново пакување на македонскиот пазар е Isover Akusto.
Isover Akusto
Стаклена минерална волна за звучна изолација за лесни преградни ѕидови, ѕидни облоги и спуштени плафони.
Клучни предности:
- Добри својства на топлинска изолација
- Отпорност на пожар
- Совршени карактеристики на звучна изолација
- Висока паропропустливост
- Хидрофобност
- Долготрајност
- Отпорност на инсекти
- Подготвена ширина исечена по 60 cm и висока компресираност во пакувањето
- Лесен за ракување