Изолација на кос кров со попречни греди

System Isover

 

Кровот со попречни греди е направен од хоризонтален пар од греди кои ги поврзиваат спротивните рогови со што го одделиваат поткровјето од негреаниот дел на таванот.

Санација на кровот од надвор, чекор по чекор:

Висина на гредите

Доколку сакате да го користите таванот (триаголниот празен простор во горната третина од кровот) за чување на некои предмети, тогаш поставете полна оплата и огноотпорна гипс плоча. Последните гипс плочи се монтираат надолжно и попречно на дрвената оплата, на соодветни растојанија. Обратете внимание на прописите за монтажа на плочите кои варираат во зависнот од производителите и дебелината на плочите.

Искроистете ја целата висина на градата за топлинкса изолација. Измерете ја висината на гредата. Минералната волна се сече на нето растојание помеѓу гредите со додавање од најмногу 1 cm. Линиските ознаки го олеснуваат точното сечење.

Поставување на изолациониот материјал

Поставете го изолациониот материјал во просторот, така што ќе се исполни целиот простор. Минералната волна ќе стои сигурно и постојано каде што е поставена, без дополнително прицврстување, а може да се набави во дебелини од 5 до 28 cm. Празниот простор помеѓу гредите се исполнува целосно со минерална волна.

Напречни летви

Поставете напречни летви на растојание од 59 cm.

Минералната волна се изработува во соодветна ширина од 60 cm и служи како втор слој на топлинска изолација. Производот може да биде во дебелини 5, 8 и 10 cm.

Вметнете ја минералната волна попречно во однос на гредите т.е. помеѓу летвите.

На тој начин не доаѓа до појава на топлински мостови.

Поставување на парна брана

Сега се поставува климатска мембрана Isover VARIO® KM Duplex UV. Залепете го преклопот (10-15 cm) од парната брана со помош на леплива трака Isover VARIO ® KB1 од системскиот пакет VARIO®.

Заптивање на споевите

Водете сметка за воздушно непропустливо заптивање на ѕидните споеви, со крајно внимателно лепење на фолијата, како и непропустливо заптивање на ѕидните споеви со помош на заптивната маса Isover VARIO ® DoubleFit кај нерамни ѕидови и бетонски плочи, оџаци, кровни прозори и др. 
Доколу се изолираат и кровни косини, водете сметка да климатска мембрана Isover VARIO® KM Duplex UV биде непропустливо за воздух залепена околу целата изолирана површина, на пр.: на спојот од плафонот на попречните греди од кровната косина.

Поставување на огноотпорни гипс-картонски плочи

Согласно законските регулативи, поставете ги огноотпорните гипс-картонски плочи на летвите (REI 30 / REI 60).