Изведба на Rigips преградни ѕидови

ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

Подготовка

Чекор број еден
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

На подот се обележува правецот на преградниот ѕид. Потребно е да се внимава на можните отвори за врати или премини. Потоа со еден од профилите (или користење на ѕидарски конец) се обележува целосно линијата за поставување на профилите. Со помош на ласер уред или либела поставена на металниот профил се пренесува и обележува правецот на преградниот ѕид на вертикалните површини. При димензионирање на Rigips преградните ѕидови треба внимателно да се има во предвид дебелината на Rigips гипс-картонските плочи.

Чекор број два
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

На периметарските профили од ѕидот (хоризонталните со UW и вертикалните CW профили) поставуваме Rigips самолеплива звучноизолациона бандаж лента.

Чекор број три
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

На подот и плафонот се прицврстуваат UW профилите со помош на ударна типла или плафонски клин, зависно од материјалот на кој се фиксираат профилите. Фиксирањето на профилите се изведува на max 800 mm, при што почетната типла или клин се поставува на од max 200 mm.

Чекор број четири
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

На соодветно растојание, во најмалку 3 точки се фиксираат CW профилите во граничниот ѕид со ударна пластична типла или метален клин во зависност од материјалот на основата на ѕидот. 

Чекор број пет
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

CW профилите (како колони) се вметнуваат во долниот и горниот UW профил. CW профилите мора да бидат приближно 10-20 mm пократки од самата висина до плафонот на просторијата. Растојанието на поставување на CW профилите зависи од ширината на Rigips гипс-картонските плочи кои се поставуваат. За плочи со ширина од 1200 mm, ова растојание е максимум 600 mm. CW профили се поставуваат така што подоцна би можело да се фиксира гипс-картонската плоча со помош на шрафови. CW профилите не се фиксираат со шрафови на UW профилите.

Чекор број шест
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

Гипс-картонските плочи се поставуваат вертикално (надолжно нивните страни се паралелни со вертикалните профили). Се прицврстува на CW профилите со шраф тип 212 на меѓусебно растојание од 250 mm. При монтажата се користат цели Rigips гипс-картонски плочи. Употребата на помали парчиња гипс-картонски плочи е дозволено само ако висината на парчињата е поголема од 40 cm, но никако две или повеќе помали парчиња поставени едно до друго. При фиксирањето на гипс-картонските плочи мора да се внимава да минималното растојание помеѓу хоризонталните споеви да не биде помало од 400 mm и не смеат да се формираат споеви во форма на крст. Се препорачува најниското поставување на гипс-картонските плочи во однос на подот да бидат подигнати за минимум 10 mm, што подоцна ќе се исполни со маса за фугирање.

Чекор број седум
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

Откако ќе бидат фиксирани гипс-картонските плочи на едната страна од преградниот ѕид  спроведете ги сите потребни инсталации низ отворите од CW профилите. Потоа просторно се исполнува целосно, без празнини, со топлинска изолација од минерална волна, која може да биде во ролни Isover Akusto, Isover Domo или во форма на плочи Isover PLE Plus.

Чекор број осум
ИЗВЕДБА НА RIGIPS ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ

На другата страна од преградниот ѕид фисирањето на гипс-картонските плочи се започнува со половина ширина во однос на спротивниот, така што се добива да првата целосно поставена гипс-картонска плоча започнува во центарот на онаа поставена од другата страна. Потребно е да се внимава и на односот на хоризонталните споеви, кои треба да бидат на најмалку 40 cm во однос на истите од спротивната страна на ѕидот.

Наша препорака

  • Доколку е потребно кога создавате косини и падови, користете производи специјализирани за израмнување на површините
  • При реновирање на подот на терасата, задолжително внимавајте на стабилноста, чистотата и јачината на подлогата!
  • Внимавајте на условите за нанесување: +5 °C до +35 °C
  • Обратете внимание на ветерот и сонцето, кои го скратуваат времето на стврднување на лепилото
  • Користете премази отпорни на мраз за надворешна употреба
  • Почитувајте ги дилатационите споеви
  • Пред употреба, внимателно прочитајте ги упатствата за употреба на производот