3 min

Како правилно да глетувате чекор по чекор

Thinking about you

 

Со години планирате да ја реновирате дневната соба, додека спалната и работната соба планирате да ги освежите со нова боја. Има многу опции, но по направеното истражување се одлучивте за Weber. Во Weber ги имаат сите внатрешни бои, a нивните маси за израмнување се супер лесни за употреба. Важно е и дека се еколошки и дејствуваат проактивно во однос на мерките за спречување на загадувањето.

Одлуката е донесена! Следната година ќе поставите нова фасада, ќе ги обоите внатрешните ѕидови и ќе ја реновирате дневната соба. Фактот дека ќе обезбедите и заштеда на режиските трошоци дополнително ве мотивира.

 

Решивте да одите чекор понатаму! Дел од процесот ќе го направите сами. Еве, да речеме глетување.

Тука доаѓате до следното прашање: како да глетувате правилно?

Ова е водичот за глетување:

  • За почеток, треба да разберете зошто глетувањето е многу важно.
  • Кога ги обновувате и отстранувате дотраените слоеви на ѕидот, сигурно ќе се појави нерамномерност, старата подлога е оштетена и затоа е многу важно измазнувањето. Пред нанесувањето на бојата, неправилностите се корeгираат и ѕидовите треба да се заштитат.
  • Една од најважните постапки при реновирање и бојадисување на ѕидовите на дневната соба е глетувањето.
Вториот чекор е темелно чистење на површината
  • За боење на било кој ѕид, подготовката на површината е основната активност што треба да ја направите. Во случај да е нечиста површината на ѕидот што треба да се глетува, потребно е да се отстрани нечистотијата. Чиста крпа или четка ќе ви помогне.
  • Доколку е потребно да користите некаква течност, почекајте сè добро да се исуши пред да продолжите на следниот чекор.
Mass
Третиот чекор е подготовка на масата за глетување
  • Првиот слој од глет масата треба да се измеша малку погусто од следните. Со помош на електричен миксер, треба да се измеша една од Weber масите за израмнување на внатрешни ѕидови со вода и да се следат препораките за подготовка.
Четвртиот чекор е апликација
  • Вака подготвената маса за глетување се нанесува рачно, со челична глетарка, во еден или повеќе слоеви со вкупна дебелина од 1 до 5 mm, во зависност од глет масата што ќе ја изберете.
  • По ѕидот се влече глетарката со глет маса. Во слободна рака, држете ѕидарска шпатула, со која ќе ја соберете масата што се проширила на глетарката и повторно ќе ја фокусирате на одредени точки (најчесто во средината).
  • Додека глетуваат, многу луѓе ја откриваат и својата креативна страна. Глетувањето може да биде и забавно.
Петтиот чекор е брусење со фина шмиргла
  • Откако ќе се исуши првиот слој следи шмирглање. За шмирглање се користи фина шмиргла, а се прави со кружни движења. На овој начин исчезнуваат сите испакнатини од ѕидовите и се добива мазна површина.
Шестиот чекор е нанесување на вториот слој
  • Вториот слој се нанесува на ист начин како и првиот, само што сега ќе подготвите малку “потенка” глет смеса. Вториот слој служи за пополнување на сите дупки оставени по брусењето на првиот слој.
  • По нанесувањето на вториот слој, сушењето (што може да потрае помеѓу 4-6 часа) и повторно шмирглање, треба да имате целосно мазен ѕид без испакнатини.
  • Со толку детални инструкции, полни сте со самодоверба и решени сте сами да го обоите целиот стан, или барем дневната соба.
  • Ние во Weber ве поддржуваме и сме тука за вас доколку имате дополнителни прашања.