Кос кров со дрвена подконструкција

Со помош на ISOVER минералната стаклена волна претворете го Вашето поткровје во удобна оаза на мирот. При тоа, за времетраењето на Вашиот дом ќе заштедите голема количина на енергија. Со избор на еколошки оправдана дебелина од 30 cm исплатливоста е видлива уште веднаш.
Кос кров со дрвена подконструкција, чекор по чекор:

- За топлинска изолација се користи целосна исполна на роговите
- Измерете ги точно висината и растојанието помеѓу роговите

Минералната волна се сече со нож за минерална волна на растојание помеѓу роговите со додавање од најмногу 1 cm.
Линиските ознаки го олеснуваат точното сечење по мерка дури и со обичен скалпел.

Поставете го изолациониот материјал во просторот, така што ќе се исполни целиот простор.
Минералната волна ќе стои сигурно и постојано каде што е поставена, без дополнително прицврстување, а може да се набави во различни дебелини (од 5, 10, 12, 14, 16, 18, 20, 22, 24, 26 и 28 cm).

Поставете попречни летви на растојание од 59 cm.
Минералната волна се изработува во соодветна ширина од 60 cm и служи како втор слој на топлинска изолација.
Вметнете ја минералната волна попречно во однос на роговите т.е. помеѓу летвите.
На тој начин не доаѓа до појава на топлински мостови.

Залепете го преклопот (10-15 cm) од парната брана со помош на леплива трака Isover VARIO ® KB1 од системскиот пакет VARIO ®.

Водете сметка за воздушно непропустливо заптивање на ѕидните споеви, со крајно внимателно лепење на фолијата, како и непропустливо заптивање на ѕидните споеви со помош на заптивната маса Isover VARIO ® DoubleFit кај нерамни ѕидови и бетонски плочи, оџаци, кровни прозори и др.

- Согласно законските регулативи, поставете ги огноотпорните гипс-картонски плочи (Rigips® RF) на летвите (REI 30 / REI 60).