Кос кров со метална подконструкција

System

Адаптацијата на поткројве со помош на метални профили се изведува релативно брзо, бидејќи сите нерамнини можат лесно да се изедначат, па полесно може да се вгради изолација со поголема дебелина по стандард на пасивни куќи (повеќе од 40 cm вкупна дебелина).

Кос кров со метална подконструкција, чекор по чекор:

Растојание помеѓу роговите
System 2
  • Со помош на хоризонтален конец за облежување со боја се обележуваат растојанијата од 40 cm за монтажа на сидро држачите.
  • Потоа се поставуваат истите, како елементи за мотажа.
  • Внимавајте да остане доволно место за вториот слој на изолација.
Прв слој на топлинска изолација
Прв слој
  • Поставете го изолациониот материјал во просторот, така што ќе се исполни целиот простор.
  • Минералната волна се сече со нож за минерална волна на нето растојание помеѓу роговите со додавање од најмногу 1 cm.
  • Линиските ознаки го олеснуваат точното сечење по мера дури и со обичен скалпел.
Поставување на металните профили
Поставување на металните профили
  • Се вметнуваат металните профили. Металните CD профили имаат предност во однос на дрвените бидејќи се рамни, а истите можат и да се свиткаат.
Втор слој на топлинска изолација
Втор слој на топлинска изолација
  • Поставете го вториот слој на топлинска изолација помеѓу металните профили (растојание 40 cm). Топлинската изолација може да биде 5, 8 или 10 cm.
Поставување на парна брана
Поставување на парна брана
  • Сега се поставува многу цврста парна брана Isover VARIO® KM Duplex UV .
  • За монтажно лепење препорачуваме вообичаена двострана леплива трака.
Лепење на парната брана
Лепење на парната брана
  • Залепете го преклопот (10-15 cm) од парната брана со помош на леплива трака Isover VARIO ® KB1 од системскиот пакет VARIO® .
Заптивна маса VARIO
Заптивна маса VARIO
  • Водете сметка за воздушно непропустливо заптивање на ѕидните споеви, со крајно внимателно лепење на фолијата, како и непропустливо заптивање на ѕидните споеви со помош на заптивната маса Isover VARIO ® DoubleFit кај нерамни ѕидови и бетонски плочи, оџаци, кровни прозори и др.
Поставување на огноотпорни гипс плочи
Поставување на огноотпорни гипс плочи
  • Следи монтажа на огноотпорни гипс плочи. Растојанието помеѓу шрафовите е 17 cm. Внимавајте при мотажата на споевите на огноотпорните гипс плочи, како и стабилноста и олабавувањето на шрафовите.