Материјали за изолација и други фактори кои влијаат на изборот на фасада

Доколку сте во фаза на планирање, дизајнирање или реновирање на фасада, сигурно се прашувате кои материјали би ги задоволиле вашите барања.
Видот на изолацијата, типот на зградата, состојбата на подлогата, бојата на фасадата, еколошките или некои други барања, или пак некои лични замисли, се дел од факторите кои влијаат на изборот на фасадата.
Денешните фасадни системи нудат широк опсег на опции за заштеда на енергија и зачувување на животната средина. Дополнително квалитетните фасади нудат и изолација од бучава, студ, топлина и влажност.
Фасадата треба да биде енергетски ефикасна.
А што е енергетска ефикасност? Веројатно веќе имате општа перцепција за тоа, Но ова е дефиницијата за енергетска ефикасност:
Енергетската ефикасност е односот на постигнатиот ефект и потрошената енергија за да се добие тој ефект.
Важно е да се истакне дека енергетската ефикасност не е синоним за заштеда на енергија. Имено, штедењето подразбира одредени жртви, а ефикасната дистрибуција на енергија не го нарушува квалитетот на животот, напротив. Weber фасадните системи обезбедуваат комплетни технички решенија за енергетски ефикасни домови, а единственото прашање е: Дали сте подготвени да ги промените воспоставените навики кон енергетски поефикасни решенија?
Изберете фасада што не штети на околината
Енергетски ефикасна фасада всушност го подобрува квалитетот на сопствената околина. Како? Подобрената ефикасност на користењето енергија ќе резултира со намалена потрошувачка, а со тоа и намалено производство на енергија. Вистина е дека секој kW енергија што не ја користите значи помалку штетни гасови во атмосферата. Затоа, со ефикасно користење на енергијата, го подобрувате квалитетот на микросредината и придонесувате во глобалната борба против климатските промени.
Weber фасадните решенија се направени да траат. Нашите производи и компоненти се внимателно избрани за да се грижат за вашата безбедност и здравје, а истовремено да ја заштитуваат животната средина. Ние сме проактивни за мерките за спречување на загадувањето и сме високо мотивирани кога станува збор за доверливоста на нашите производи и решенија.
Кој изолационен материјал да се избере
Покрај стиропор и минерална волна, изолационите материјали може да се направат и од XPS или фенолни панели.
Системите за изолација на XPS имаат многу низок капацитет на апсорпција и висока отпорност на механички оптоварувања. Затоа, нивните главни области на примена се основните ѕидови на објектот, подрумот или подножјето, односно области кои се во директен контакт со земјата.
Изолациониот материјал изработен од фенолни панели ги постигнува најдобрите термоизолациски својства меѓу производите што се нудат на пазарот. Таблата е идеална за нови згради и за реновирање. Ги исполнува највисоките барања за материјали наменети за заштеда на енергија и пасивна градба.
Сепак, најчестото прашање при планирање и изработка на фасада е: стиропор или минерална волна?
Ако цената ви е важна - изберете стиропор. Минералната волна е малку поскапа опција.
Ако квалитетот на воздухот ви е важен, изберете минерална волна. Подобрата паропропустливост на минералната волна значи подобар проток на водена пареа и поквалитетен воздух во домот. Пониската влажност на воздухот во просторијата ќе ја намали можноста за формирање на алги и мувла во ризични позиции.
За подобра заштита од пожар - изберете Isover минерална камена волна.
Ако ви е важна изолацијата на бучавата - изберете минерална волна. Минералната волна е многу подобар звучен изолатор од стиропорот. Веќе пишувавме за тоа како звучната изолација го подобрува квалитетот на животот.
Ако ви е важна топлинската изолација - ситуацијата е изедначена. За иста дебелина на стиропор и минерална волна се постигнува приближно подеднакво добра топлинска изолација.
Ако сте загрижени за леснотијата во процесот на инсталација - изберете стиропор како изолационен материјал.
Сè на сè, на вас е да одлучите. Сè што можеме да направиме е да ви помогнеме со корисни информации и долгогодишно искуство.
Корисни информации при изборот на изолационен материјал:
Сите јавни згради и згради високи над 22 m мора да бидат изолирани со минерална волна.
Само уште една забелешка...
При работа на фасадата ќе се создава градежен отпад. Обезбедете место каде што ќе се одложува отпадот, а со тоа да не се создава дива депонија и да не се загадува животната средина. Да се грижиме за нашата околина.
