Како домот и канцеларијата влијаат на нашето расположение и здравје

Како домот и канцеларијата влијаат на нашето расположение и здравје

 

Одржливата градба влијае на намалувањето на респираторните заболувања, алергиите и обичната настинка, и може да заштеди десетици милиони долари.

Ако ве прашаат што за Вас е асоцијација за удобност, што би рекле? Би одговориле можеби луксузни кадифени столчиња или пак елегантен ентериер? Малкумина би помислиле на функционална канцеларија или дом. Веројатно дека причина за тоа е и основното непознавање на алтернативната дефиниција за удобност.

Архитектите по ова прашање играат клучна улога - според нив удобноста не се однесува само на парчињата мебел, на големината на просторот, како и на просториите за слободни активности. Комфорот првенствено е поврзан со визуелните, топлинските и акустичните квалитети на просторот, како и со квалитетот на воздухот во канцелариите и домовите.

90% од нашето време просечно го поминуваме во затворен простор, дома и на работа, и затоа сме физички, психолошки и физиолошки изложени на последиците од воспоставената  рамнотежа или нерамнотежата во внатрешниот простор.

Но, во пракса, термичкиот комфор како фактор на удобност и холистичка цел на архитектурата не е сфатен доволно сериозно. И тоа е нешто што треба да се смени!

Покрај мерење на акустичните и визуелните аспекти на изградениот простор, архитектите мора да имаат солидно разбирање и за изборот на материјалите и какво е нивното влијание врз домот и канцеларијата. Како тие влијаат на конференциските сали, на домовите, на удобноста.

Кои се факторите кои создаваат удобност?

Акустичен комфорт

Акустичен комфорт се карактеризира со соодветно и квалитетно ниво на звук, и на звуците кои сакаме да ги слушаме. Тоа подразбира и отсуство на несакани звуци од надворешниот свет, во зависност од видот на градбата (станбена зграда, канцеларија, училиште, здравствен дом или хотел). Акустичната изолација се постигнува со квалитетна фасада, но и со употреба на квалитетни прозори.

Количина на светлина / Визуелен комфорт

Клучна улога за оптимално чувство на благосостојба во просторот има светлината. Таа не само што  ја оживува архитектурата, туку и дава и живот. Различни простори бараат специфични нивоа на количина на светлина, независно дали е тоа природна или вештачка. Доволна количина на директна светлина во просторот е императив, но нешто што овозможува и доволно простор за гледаме на надворешниот простор.

Квалитетот на воздухот во внатрешниот простор (термички комфорт)

Термички комфорт се одредува според температурата на воздухот, влажноста и отсуството на провев. Идеалните термички нивоа варираат во зависност од географијата и културата, но генерално, внатрешните температури од 21-24ºC се најудобни.
Квалитетот на воздухот се одредува според снабдувањето со свеж воздух, од влијанието на загадувањето и од мирисите кои се создаваат. Најчесто се оценува со мерење на концентрацијата на CO2 и VOC (Volatile organic compounds), како и бројот на микрочестички и присуството на биолошки токсини.

Ре-употреба на ресурсите, ефикасно искористување на постоечките и обезбедување благосостојба е крајната цел. Особено важно во услови на  континуираната урбанизација и ситуација каде милиони луѓе се селат во градовите. Во градските средини се случува огромна концентрација на луѓе и градби, што наметнува потреба од соодветно планирање и имплементирање на одржливи градби која ќе влијае позитивно на општата благосостојба и на здравјето на луѓето.

Одржливата градба влијае на намалувањето на респираторните заболувања, алергиите и обичната настинка, и може да заштеди десетици милијарди долари - сé започнува со дизајнот и употребата на одржливи материјали.

Архитектите се под постојан предизвик, како да го намалат јазот во знаењето меѓу нив и стручните консултанти и заедно на терен да научат да применуваат едноставни концепти за решавање на проблемите. Овој совесен пристап не само што им помага на непосредните корисници на зградата, туку  игра и важна улога во одржливоста. Архитектите, производителите и изведувачите треба да станат одговорни за постапувањето со отпадот, да користат еко материјали кои не ја загадуваат животната средина.

Стратегиите кои треба да се имаат на ум при дизајнирањето на нови проекти или при интервенции на стари проекти се движат од лесно демонтирање на модуларни и монтажни градежни системи, до 3D печатење и што е најважно, кон зголемена употреба на потенцијалот на BIM, со цел да се намали времето на изградба, помалку создавање отпад и пониски логистички трошоци. Со намалување на отпадот во градежните процеси се придонесува и кон тоа да имаме поинтелигентно урбанизиран свет, помалку зависен од ресурсите.

Ефикасноста и удобноста на ресурсите треба да биде приоритет на архитектите. И да се преферираат производи кои ги исполнуваат овие критериуми. Одличен пример е COOL-LITE SKN на Saint-Gobain, тип на сончево контролно стакло кое истовремено обезбедува висок пренос на дневна светлина и добри енергетски перформанси додека одржува „неутрална“ естетика. COOL-LITE SKN 183 (II) особено обезбедува највисоко ниво на влезна дневна светлина без да се загрозат енергетските перформанси, нудејќи 75% пренос на светлина со топлинска изолација, како и висока транспарентност и слаба рефлексија.

Текстот е подготвен во соработка со ArchDaily

https://www.archdaily.com/907758/why-your-home-and-office-affect-your-mood-and-health