Како градежните материјали употребени во училиштата можат да придонесат за подобрување на процесот на учење

Како градежните материјали употребени во училиштата можат да придонесат за подобрување на процесот на учење!

 

Без разлика дали обезбедуваат термичка, акустична, визуелна удобност или пак подобар квалитет на воздухот во затворениот простор, градежните материјали можат да имаат клучна улога во училиштата со цел да се оптимизира средината во која децата учат. Училиштето навистина може да биде место каде здравјето на учениците и наставниците е приоритет.

Градење училишта на иднината

Нашето патување не води во северна Европа, во мало гратче во близина на Ротердам во Холандија, кое има училиште за ученици на возраст од 3 до 12 години. На прв поглед, овој објект од 3.800 m² изгледа како секое друго училиште. Но, она што го разликува овој објект од останатите е што е дизајнирана да ги комбинира енергетската ефикасност, еколошките перформанси, овозможувајќи подобар квалитет на процесот на учење. Тоа е она што се нарекува „здраво“ училиште, каде што се земени предвид четирите димензии на благосостојбата на учениците: физичкото здравје, квалитетот на социјалните односи, чувството на сигурност и когнитивниот развој. Покрај тоа, учениците имаат можност да се едуцираат во одржлива и еколошка средина. Еве како.

Додека изборот на материјали и нивното влијание на енергетските перформанси на зградата не е нешто дискутабилно, прашањето како тие можат да влијаат на квалитетот на учењето честопати помалку се разгледува.

Дали на здрав ум му е потребна здрава животна средина?

Да, бидејќи слабо термички или звучно изолирана или недоволно проветрена училница може да има негативен ефект врз благосостојбата на учениците и на крајот на нивните оценки. Затоа, во последниве години, почнаа да се разгледуваат овие нови социјални прашања поврзани со квалитетот на учењето.

Која е главната цел? Создавање училишта на иднината, кои ќе треба да се соочат со горливите предизвици на енергетската и еколошката транзиција, но и предизвиците како да се пренесе знаењето до учениците во подобри услови.

Акустичен комфорт

Бучавата е можеби главната причина за поплаки во училиште: Преполни училници, бучна надворешна средина, лоша акустика во училниците и слично. Учениците, наставниците и другите вработени во училиштата се повеќе се изложени на продолжено звучно загадување. За малите деца, оваа прекумерна изложеност на бучава има последици за нивниот академски успех. Накратко: колку е погласен класот, толку пониски се оценките! Сеприсутниот шум може дури да доведе и до доцнење во совладувањето на јазикот, да предизвика проблеми со концентрацијата и секако да доведе до поголем стрес.

Теоретски, бучавата во училницата не треба да надминува 50 dB.

Но, во реалноста, нивоата на бучава честопати се многу повисоки. Што може да се направи со оваа непрестајна бучава што го нарушува нормалното комуницирање? Експертот во „уметноста на тишината“, Saint-Gobain разви материјали со докажани акустични перформанси. Меѓу неговите препорачани решенија за акустична удобност се, секако, тројното застаклување, како и звучните изолациски панели и тавани (на пр. Ecophon или Eurocoustic ). А во пракса овие материјали навистина носат бенефити! Таков е примерот со Холандското основно училиште кое успеа да ја намали бучавата до 45 dB, да ја подобри јасноста на говорот (за 4 до 8 dB) по инсталирањето на овие акустични тавани.

Термички комфорт

Покрај бучавата, термичката непријатност е уште еден фактор што го попречува учењето. Кога училниците се премногу топли во лето а премногу студени во зима, децата едноставно не можат да се концентрираат во такви услови. Според експертите, 20-21°C е идеална температура за ефективно учење. Затоа е важно правилно да се изолираат ѕидовите и преградите. Некои училишта избираат надворешна изолација со решенијата Isover или Weber , од Saint-Gobain. Други пак се одлучуваат за топлината што ја нуди дрвото. Во другите региони, особено потоплите земји, системите кои базираат на гипс картон и минерална волна се најдобрата опција.

Визуелен комфорт

Каде и да се, студентите најдобро учат во тивка и добро изолирана средина погодна за учење. Но, треба да се знае дека и слабото или пак претерано осветлување исто така се штетни како и бучавата. За среќа, постојат неколку едноставни решенија за подобрување на визуелната удобност на учениците. Започнете со замена на старите неонски светилки (што постојат со генерации) со модерни извори на светлина како LED диоди. За прозорците, застаклување во големи димензии и со супериорните Planistar SUN PLUS од Saint-Gobain Glass кои имаат високи енергетски перформанси и во лето и во зима, со што ќе обезбедите продирање на што е можно повеќе природна светлина.

Квалитет на воздух во затворени простории

Друга работа на која треба да се обрне внимание за оптимална средина за учење е квалитетот на воздухот! Докажано е дека со редовно проветрување на воздухот во училницата, децата на возраст меѓу 10 и 12 години ги подобруваат своите когнитивни способности. Студијата во која беа вклучени 100 основни училишта во САД покажа дека учениците имаат за 2,9% подобри резултати по математика и за 2,7% подобри резултати по англиски јазик во услови на зголемена вентилација од 1 l/s по лице*. Сепак, многу училишта сè уште се борат со лошата вентилација, надополнета со потенцијалните извори на влага или мувла. Затоа, еден од клучните предизвици во едно училиште е да им обезбеди на учениците поздрав воздух, за да им помогне да учат поефикасно и да го ограничат ширењето на вирусите.

Има и добри вести: некои решенија на Saint-Gobain кои користат Activ'Air® технологија (на пр. Rigips® Activ'Air® plasterboards , Gyptone® Activ'Air® или Rigitone® Activ'Air® ceilings  тавани), придонесуваат за прочистување на воздухот во затворените простории со апсорпција на одредени испарливи органски соединенија (VOCs) како формалдехид. Во комбинација со добра вентилација, тие обезбедуваат подобар квалитет на воздухот.

Отворено за светот

За да обезбеди оптимални услови за настава, училиштето на иднината мора да се фокусира на „5-те сетила“ (слух, вид, мирис, вкус, допир).

Иако училиштата се наменети за учење, тие исто така имаат важна улога да ги обликуваат идните граѓани. Во овој дух на отвореност кон светот, училиштата од утре мора да обезбедат флексибилни и модуларни простории за учениците да можат да комуницираат и во мали групи и како цело одделение.

Училиштето во Холандија кое е реновирано, сега е погодно за создавање идни генерации на граѓани. Прилагодено за учење, поудобно, поодржливо и пријателски настоено кон децата и планетата. Тајната е да го намалите вашиот јаглероден отпечаток, да ги намалите трошоците за енергија и да го зголемите задоволството на учениците.