Како во затворен простор да постигнеме акустичен комфорт?

Како во затворен простор да постигнеме акустичен комфорт?

 

Кога работиме или учиме во акустичен комфорт, односно кога несаканата бучава е блокирана и јасно ги слушаме саканите звуци, ние сме попродуктивни, посреќни и имаме помалку здравствени проблеми.

90% од нашите секојдневни активности се одвиваат во затворен простор. Без разлика дали станува збор за време поминато дома или во канцеларија, бучавата е дел од нашите животи. Доаѓа од сообраќајот, од градежни активности во наша близина, а може да биде предизвикана и од гласната музика или пак од разговорите на колегите. Сите овие извори на бучава доведуваат до т.н. звучно загадување кое има големо влијание врз нашето здравје и благосостојба.

Како да го дефинираме удобниот простор? Кои се елементите што го прават пријатен?

Дизајнот и естетиката, секако, потоа природната светлина и контролата на екстремните температури. Но, пред сè, тука мора да се додаде и акустичниот комфорт.

Недостатокот на акустичен комфорт во просторот, во повеќето случаи e поврзана со преголема бучава. Несаканите звуци имаат негативно влијание врз нашиот живот, учењето и во остварувањето на работниот потенцијал. Од друга страна, доброто ниво на акустична удобност подразбира соодветно време на одек и голема јасност на говорот, што влијае на смиреност кај луѓето во таа просторија.

Просторот во кој се контролира ширењето на звукот и во кој некои звучни бранови се рефлектираат, а други се апсорбираат, обезбедува висока јасност на говорот и пријатна акустична средина.

Што е акустичен комфорт?

Акустичен комфорт претставува благосостојба на станарите во една зграда или на вработените во една компанија во однос на акустичната средина на која се изложени (бучава предизвикана од превозните средства, разновидната опрема што постојано работи, како и бучава предизвикана од соседите итн.). Постигнувањето на акустичен комфорт се состои во минимизирање на наметливиот шум и одржување на задоволството на луѓето во внатрешните простории. За да се обезбеди спокојство од суштинско значење е да се користат решенија кои помагаат да се контролира несаканата бучава.

Придобивки од акустичен комфорт?

Студиите покажуваат дека добро дизајнираните акустични средини во канцелариите или училиштата помагаат да се подобри концентрацијата и да се овозможи подобра комуникација меѓу луѓето. Учењето е поефикасно и помалку заморно кога учениците можат јасно да го слушнат и разберат својот наставник. Во болниците, намалувањето на бучавата помага во намалување на стресот и несоницата и им помага на пациентите да закрепнат побрзо, што ја олеснува работата на персоналот. Во нашите домови, добро дизајнираната акустична средина придонесува за чувство на благосостојба и подобро физичко и ментално здравје.

Јасно е дека кога работиме или учиме во акустично комфорен простор, односно кога несаканата бучава е блокирана и јасно ги слушаме саканите звуци, ние сме попродуктивни, посреќни и имаме помалку здравствени проблеми.

Како функционира?

Акустичната комфорност е под влијание на нивоата и природата на звукот што се создава во просторот.

Човечкото уво се состои од три дела: надворешно, средно и внатрешно уво кои примаат, пренесуваат и детектираат звук. Звучните бранови или вибрации влегуваат во надворешното уво и стигнуваат до средното уво за да го вибрираат тапанчето, а ова движење се пренесува до внатрешното уво, каде што се стимулираат нервите.

Звукот е механичко нарушување на околината! Разликата помеѓу гласните и тивките звуци e во интензитетот. Со оглед на широкиот опсег на звучни притисоци на кои реагира човечкото уво, големината на акустичната величина се изразува во децибели (dB). Висината на звукот се изразува како фреквенција во херци (Hz), а тоа е бројот на циклуси на вибрации во секунда. Здравото човечко уво е чувствително на многу широк опсег на фреквенции.

Saint-Gobain има решенија за постигнување акустичен комфор (удобност)

Нема потреба да го трпите заморот и конфузијата што ги создаваат несаканите звуци. Saint-Gobain нуди практични решенија за речиси сите проблеми поврзани со бучавата.

Откријте некои од нашите предлози кои помагаат да се намали бучавата:

1. Оптимална акустична средина не се постигнува со намалување на бучавата, туку со акустична контрола. Оваа контрола може да се постигне со користење на Gyptone® BIG acoustic tiles, достапни во широк спектар на модели и големини. Gyptone® aкустичните тавани ја подобруваат акустиката во просториите, намалувајќи го времето на одек (ефектот на „ехо“), што резултира со зголемена јасност на разговорите и подобар квалитет на воздухот во затворените простории.

Палетата на Gyptone® BIG вклучува различни модели: со линеарни, хексагонални или квадратни перфорации. Перфорациите, заедно со акустичната ткаенина на задната страна на плочките, обезбедуваат супериорни акустични својства. Со Gyptone® може да се создадат спектакуларни проекти, кои вклучуваат не само производи со акустични својства, туку и издржливи материјали. А доколку е потребен лесен пристап до објектите, Gyptone® Access панелите се совршено решение.

Таваните во опсегот на  Gyptone® инкорпорираат патентирана технологија  Activ'Air®, која го разградува формалдехидот (штетна супстанца која може да придонесе кон созадавње алергии, отежнато дишење, главоболки итн.) во безопасни неиспарливи соединенија. Оваа револуционерна технологија, исто така, придонесува да се добиjат сертификати за зелени еко згради: сертификат LEED – Лидерство во енергетскиот и дизајнот на животната средина – и BREEAM – Метод за оцена на влијанието на зградата врз животната средина. Архитектите и сопствениците на куќи ќе бидат воодушевени што врските меѓу плочките повеќе не се видливи, а со помош на производите на Gyptone® добиваат површини со висока естетска вредност, акустични средини и здрава внатрешна клима.

2. За подобра звучна изолација помеѓу собите, можете да одберете решенија за преградни ѕидови со Rigips® Fonic гипс-картонски плочи и Isover Akusto  минерална стаклена волна (производ препорачан од Романското друштво за акустика). Преграден ѕид со четири слоја Rigips® Fonic плочи (2 од едната страна, 2 од другата) и минерална волна Isover Akusto, поставен на метална конструкција Rigiprol®, кој нуди супериорна звучна изолација со многу намалена тежина во споредба со класичниот ѕидарски ѕид. Производите имаат еколошка декларација, што придонесува кон евалуацијата на т.н. зелени згради. Ние во Saint-Gobain внимателно го следиме влијанието на нашите производи врз животната средина, користејќи ја техниката за проценка на животниот циклус на производот (LCA = Проценка на животниот циклус), која е широко прифатена на пазарот. Нудиме транспарентни информации, така што споредбите на производите може да се прават од архитекти, градежници дури и од крајни корисници.

3. Во случај на застаклените фасади и прозорци, SGG STADIP SILENCE glass склопени во форма на изолационо стакло, овозможуваат значително ублажување на надворешниот шум, решение идеално за згради или домови лоцирани во бучни области (во близина на: бучни сообраќајници, периферни патишта, железнички станици, аеродроми итн.). Станува збор за незаменливо решение доколку сакате значително да ја намалите бучавата однадвор, а со тоа да го зголемите степенот на звучна изолација до 10 децибели. Звучно изолирано застаклување со двојни прозорци, кое содржи посебна пластична фолија, која го запира ширењето на звукот од едно стакло до друго, делувајќи како бариера за надворешниот шум. SGG STADIP SILENCE е акустично и безбедносно ламинирано стакло составено од две или повеќе стакла поддржани со една или повеќе фолии од акустичен поливинил бутирал PVB (SI).

4. „Позитивен звучен ефект врз луѓето“ е основа на сите активности на Saint-Gobain Ecophon со цел да се развијат, произведат и пласираат акустични системи и производи кои придонесуваат за спооодветна работна средина и подобрување на благосостојбата и перформансите на луѓето. За да создадете просторија со оптимална акустична удобност, треба да го намалите шумот, да ја зголемите јасноста на говорот и да го минимизирате ширењето на звукот. Ова е причината зошто Ecophon има развиено различни асортимани на тавани и панели што апсорбираат звук.

Квадратни, шестоаголни, кружни, хептагонални, петаголни, октагонални, триаголни или правоаголни, производите на Ecophon се погодни и за тавани и за ѕидни облоги, и се препорачуваат за канцеларии, болници, продавници, хотели, рекреативни центри, кина или училници во образовните институции. Индивидуалните панели изработени од минерална стаклена волна Ecophon Solo  (коефициент на акустична апсорпција αw 1.0) се соодветни на моменталните трендови и се нудат во различни форми и големини, што овозможува слобода на дизајнот и можност за создавање нови и извонредни изрази, притоа задржувајќи чекор со одржливите архитектонски пристапи.

Уметничката разновидност може да се истражува вертикално со Ecophon Akusto™ . Завршувајќи ги акустичните тавани, вертикалните панели Ecophon Akusto™ ги решаваат акустичните предизвици, а во исто време нудат решенија за дизајн и инсталација кои се во согласност со актуелните трендови. Поради разновидноста на достапни бои и различни текстурирани завршетоци, Akusto е погоден за широк опсег на апликации.

Кога дизајнирате соба, таа мора да биде интелигентно изолирана бидејќи секој материјал игра важна улога во постигнувањето висок степен на удобност.