Лесните и еколошки Saint-Gobain фасади гo револуционизираат животот на граѓаните и градежните работници

Лесните и еколошки Saint-Gobain фасади гo револуционизираат животот на граѓаните и градежните работници

 

Лесна фасада која се прилагодува на архитектонските барања, која обезбедува удобност за жителите, а ги задоволува високите еколошки амбиции - тоа е фасадата F4 на Saint-Gobain . 

Мала револуција во градежниот сектор

Оваа лесна фасада има многу предности, и таа е многу повеќе од само естетика. Спречува водопропустливост, овозможува одлична акустика, а истовремено обезбедува голема енергетскa заштеда. Уште поважно не ја загадува потесната животна средина.

Идеално решение за реновирање на постоечки објекти, но и за нови и лесни градби.  Фасадно решение кое одговара на трите главни предизвици со кои се соочува нашиот свет: драстично намалување на 40% од јаглеродните емисии кои доаѓаат од градежниот сектор, зачувување на природните ресурси и адресирање на предизвиците на забрзаната урбанизација во земјите во подем, кои бараат брза и ефикасна градба.

Ви прикажуваме практичен пример од градилиште, од стар објект кој се трансформира во идна резиденција за стари лица, а се наоѓа во срцето на Монако. На видеото можете да видите како се реновира зграда стара 35 години. За да не се отежнат темелите и да се почитува брановидната форма која ја посакуваше архитектот, беше применето  решение: фасадата F4, уникатен фасаден систем развиен од Saint-Gobain.

Како функционира? Повеќе на видеото: