Посветеноста на Saint-Gobain за намалување на емисиите на CO2 до 2050 одобрени од Science Based Targets Initiative

Посветеноста на Saint-Gobain за намалување на емисиите на CO2 до 2050 одобрени од Science Based Targets Initiative

 

Saint-Gobain, посветена на постигнување карбон неутралност до 2050 година, објавува дека Science Based Targets Initiative ги одобрила нејзините цели за намалување на емисиите на стакленички гасови кои што се во согласност со новиот нето нулта стандард на организацијата и Парискиот климатски договор. Saint-Gobain е првата компанија во својот сектор во светот што го добива ова одобрение од воведувањето на новиот стандард на крајот на минатата година. Оваа потврда на долгорочните заложби на Групацијата за постигнување нето нула емисии на CO2, директни и индиректни, по целиот нејзин синџир на вредност до 2050 година и овозможува дополнително да го усоврши својот патоказ кон карбон неутралноста.

Тоа ќе допринесе за намалување на емисиите на CO2 од најмалку 90% во трите опсези до 2050 година, со планирани дополнителни проекти за секвестрација за резидуални емисии. „Saint-Gobain е многу горда што нашите цели за намалување на емисиите на стакленички гасови ги одобри SBTi за да се постигне карбон неутралноста до 2050 година. За Saint-Gobain, социјалната и еколошката одговорност е долгорочна посветеност и со континуиран процес кон извонредност. Ова признание ги потврдува заложбите на Saint-Gobain во борбата против климатските промени, со цел да се максимизира позитивното влијание што го носи Групацијата за своите клиенти и да се минимизира сопственото влијание врз животната средина“, вели Клер Педини, Виш потпретседател за човечки ресурси и корпоративна општествена одговорност на Saint-Gobain.

Обврските на Saint-Gobain да ги намали во апсолутни услови до 2030 година од 2017 година неговите директни и индиректни емисии на CO2 (опсег 1 и 2) за 33%, а емисиите од опсегот 3, главно поврзани со купувањето и транспортот, за 16% до 2030 година веќе беа потврдени во ноември 2020 година од страна на SBTi. Групацијата ќе продолжи да го забрзува својот патоказ, особено преку подобрувања во енергетската ефикасност, намалување на тежината на производот, зголемена рециклирана содржина и употреба на зелени енергии, со цел да ги усогласи своите цели со најсложените траекторија, која го ограничува порастот на температурите на 1,5 °C.