Решенија за Tехничка изолација ISOVER

Решенија за Техничка изолација ISOVER

Одржана стручна презентација на решенијата за Техничка изолација  Isover Saint Gobain во соработка со Комората за овластени архитекти и инженери

Во соработка со Комората за овластени архитекти и инженери на 25.10.2023 година, со почеток во 12 часот, Saint-Gobain одржа стручна презентација на решенијата за Техничка изолација Isover Saint Gobain.  Во рамките на стручната презентација, предавачот Иван Милосављевиќ, Менаџер за техничка изолација на Saint-Gobain за Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора ги претстави решенијата кои Isover Saint-Gobain ги има во областа на техничката изолација. На презентацијата присуствуваа проектанти на машинските инсталации, компании кои работат со монтажа како и дистрибутери на производите во рамките на HVAC системите.
Сите учесници активно земаа учество во дискусијата која произлезе од одржаното предавање изнесувајќи го своето мислење за можната соработка како и укажување на специфичноста на локалниот пазар.

Презентирано е CLIMAVER®  решението со супериорни термички перформанси кое претставува самоносечки канал за климатизација и вентилација како одлична замена на пазарот за метални канали. На презентацијата беа истакнати предностите и карактеристиките, одличната акустика, противпожарната сигурност, одржливоста, помалата тежина, но и заштедата.

Системите за греење, вентилација и климатизација (HVAC) се развиени за да ги задоволат потребите на инсталатерот и корисникот на објектот, кои значително ja ја подобруваат топлинска и акустична удобност, како и безбедноста од пожари.

Презентирани се и најдобрите перформанси за максимизирање на заштедата на енергија и придонесот за побезбедна работна и животна средина.

Естетиката, безбедноста и одржливоста, која е во срцето на активностите на проектантите, ни овозможува да обезбедиме најдобро искуство со параметри кои ја подобруваат енергетската ефикасност. Преку олеснување на работата на изведувачот се оптимизираат и трошоците со правилниот избор на техничка изолација со решенијата на Isover Saint-Gobain.