Saint-Gobain зa прв пат во светот успеа да произведе рамно стакло со нула емисија на јаглерод диоксид

Saint-Gobain стана прв производител во светот во производство на рамно стакло со нулта емисија на штетни гасови.
Овој технолошки подвиг се оствари користејќи 100% рециклирано стакло и 100% зелена енергија, произведена од биогас и декарбонизирана енергија. Имплементацијата на овој подвиг е во фабриката на Saint-Gobain во северна Франција.
Со вклучување на партнерите на Saint-Gobain, фокусот е на процесот на рециклирање, односно 100% употреба на рециклирано стакло, кое веќе било употребено во реновирање, градежен стаклен отпад и остатоци од производство. Индустриско истражувачките тимови на Групацијата успеаа во прилагодување на сите технички параметри во овој двоен предизвик, комбинирајќи 100% рециклиран материјал и 100% биогас, обезбедувајќи вистински оптички квалитет на стаклото. Овој пилот процес го демонстрира капацитетот на Saint-Gobain за иновација преку ланецот на вредности.
Овој успех е јасна демонстрација на Saint-Gobain за посветеноста за нулта емисија на јаглерод диоксид до 2050 год. Надополнување на ова е минатогодишната најавата на Групацијата за инвестирање во првата фабрика за производство на гипс-картонски плочи со нулта емисија на јаглерод диоксид во Норвешка. И понатаму се зајакнува позицијата на Групацијата на светски лидер во лесна и одржлива градба и лидерската позиција во помагањето на изградбата на економија со нулта емисија на јаглерод диоксид.