EnveoPutz Premium Aqua

ХИДРОФИЛЕН ФАСАДЕН МАЛТЕР НА БАЗА НА ПОЛИМЕРНИ ВРЗИВА
Прочитај повеќе
Затвори
ХИДРОФИЛЕН ФАСАДЕН МАЛТЕР НА БАЗА НА ПОЛИМЕРНИ ВРЗИВА

Пресметајте колку материјал ви треба

EnveoPutz Premium Aqua e хидрофилен завршен фасаден малтер на база на полимерни врзива и адитиви, наменет за декорација и заштита на фасадни површини. Благодарение на посебната технологија на производство развиен е физички процес на капиларна апсорпција на влажност. Тој процес претставува одлична контрола на влажноста на површината, при што го забрзува сушењето на завршниот слој. По завршувањето на врнежите, влагата забрзано испарува при што се создаваат услови непогодни за создавање на мувла и алги 

Предности на производот: 

за сите видови контактна фасада
природно отпорен на микроорганизми
одлична паропропусност
регулира влажност и сузбива мувла и алги

Употреба:

EnveoPutz Premium Aqua е пастозен завршен малтер за декорација и заштита на контактна фасада со EPS, графитен EPS и камена волна. Погоден е и за малтерисани и бетонски површини при претходна соодветна подготовка на површината. Може да се тонира во голем број нијанси по Enveo тон карта. Нијансите со HBW индекс помал од 30% се користат исклучиво за мали површини, како бордури околу прозорци, врати и други отвори. 

Подоготовка на површината:

Подлогата на која се нанесува производот мора да биде чиста, цврста, сува, без дамки од маснотии и масло, носива и без делови кои се одовојуваат. Малтерот може да се нанесува на подлога на база на вар и цемент, претходно на подлогата мора да биде нанесена подлога EnveoGrund. Цементно-варовите малтери и бетони мора да бидат стари најмалку еден месец со остаток на влага ≤ 2%. Недоволно носивите премази и делови кои се одвојуваат, со вода растворете  премаз (при перење на целата површина) потполно отстранете ги и санирајте со соодветен материјал. Контаминираните површини со мувла и алги потребно е да се исперат со топла вода и да се дезинфицираат со адекватно средство. 

Подготовка и вградување на производот

Минимално 24h пред нанесување на фасадниот малтер на површината се нанесува основна подлога EnveoGrund со цел да се подобри адхезијата, регулирање на впивливоста на вода, подобрување на водоотпорноста и отвореното време за обработка на малтерот. Подлогата мора да биде тонирана во иста нијанса како и фасадниот малтер.

EnveoPutz Premium Aqua пред употреба добро се промешува до дното, секоја канта поединечно а потоа материјалот мора да се хомогенизира од различни пакувања во еден голем сад, со цел изедначување на нијансата (егализација). За подобрување на консистенцијата на малтерот по потреба се додава чиста вода максимум 250ml на 25kg производ. По додавањето на вода, додавање пигмент не е дозволено. 

Фасадниот малтер се нанесува со челична глетарица во дебелина на зрното. Правилно нанесен малтер се обработува со PVC или метална глетарица со благ притисок на површината со кружни или праволиниски движења во зависност од структурата и саканиот изглед. Наносот и обработката на малтерот се прави во континуитет за површината да изгледа изедначено. За успешна изведба неопходно е да се синхронизира бројот на апликатори во одност на катноста на објектот и површината, за да споевите на материјалот бидат изведени влажно на влажно и незабележливи по завршувањето на нанесувањето.

Фасадниот систем мора да биде обезбеден со окапници за да се постигне целосна заштита од навлегување и слевање на вода по површината. Производот не се употребува на хоризонтални површини каде може да дојде до задржување на нечистотии, вода и снег.

При вградување и сушење температурата на подлогата и воздухот мора да изнесува помеѓу 5°C и 30°C. Нанесениот материјал мора да се заштити од сончеви зраци, ветер и дожд најмалку 24 часа, по што се постигнува отпорност на атмосферски влијаниа. Препорачана метода за заштита е поставување заштитна мрежа но може да не биде доволна доколку наведените влијаниа се со јак интензитет. Доколку временските услови не се во склад со наведените, потребно е постапката за изведба да се одложи и да се почека до нормализирање на оптималните условите за работа.

При вградување и сушење температурата на подлогата и воздухот мора да изнесува помеѓу 5°C и 30°C. Нанесениот материјал мора да се заштити од сончеви зраци, ветер и дожд најмалку 48 часа, по што се постигнува отпорност на атмосферски влијаниа. Препорачана метода за заштита е поставување заштитна мрежа но може да не биде доволна доколку наведените влијаниа се со јак интензитет. Доколку временските услови не се во склад со наведените, потребно е постапката за изведба да се одложи и да се почека до нормализирање на оптималните условите за работа.

Произведувачот препорачува пред почетокот на работата да се направат мали, пробни, површини поради проверка дали производот/подлогата се правилно подготвени и дали се обезбедени соодветни услови за употреба и вградување. Доколку не се, ве замолуваме да прекинете со работа и да се обратите кај претставник од компанијата Saint-Gobain. Компанијата не прифаќа одговорност за неправилна изведба со наведениот материјал како и користење на материјалите за работи кои не се наведени во описот на производот. Рекламации по завршувањето на изведбата на работите не се прифаќаат. 

* Сите наведени параметри се однесуваат на стандардни временски услови: температура 20°C, релативна влажност на воздухот до 65%.

Произведувачот препорачува пред почетокот на работата да се направат мали, пробни, површини поради проверка дали производот/подлогата се правилно подготвени и дали се обезбедени соодветни услови за употреба и вградување. Доколку не се, ве замолуваме да прекинете со работа и да се обратите кај претставник од компанијата Saint-Gobain. Компанијата не прифаќа одговорност за неправилна изведба со наведениот материјал како и користење на материјалите за работи кои не се наведени во описот на производот. Рекламации по завршувањето на изведбата на работите не се прифаќаат. 

Алат за работа:

За мешање: електричен миксер

За нанесување и обработка: челична и пластична глетарица. 

Потрошувачка на производот:

Околу 2,5-4,5 kg/m2 во зависност од гранулацијата и видот на фасадата.  

Чување, складирање и транспорт:

Производот мора да биде складишен во оригинално, неоштетено пакување, на цврсти и исправни палети, во сува просторија, без директна изложеност на снег, дожд, град или сонце, заштитен од мраз во затворен или покриен простор.

Производот не е опасен за транспорт според сите национални и меѓународни сообраќајни прописи. При транспорт, производот мора да се заштити од атмосферски влијаниа. Производот се транспортира и складира на температури од +5°C до  +30°C. 

Безбедност на производот:

Производот не е класифициран како опасен. Содржи реакциона смеса од 5-хлор-2метил-4-изотиазолин-3-она и 2метил-2Н-изотиазол-3-она (3:1). Може да предизвика алергиска реакција. 

Карактеристики и предности

Боја на производот: EnveoPutz Premium Aqua е фасаден малтер во бела боја може да се тонира по Enveo тон карта.

Пакување: пластична канта 25kg, 600kg на палета.

Рок на траење: 12 месеци од датумот на производство втиснат на кантата.

Детални информаци за производот, дополнителна документација и безбедносен лист, можете да пронајдете на официјалната интернет страница www.saint-gobain.mk 

..

Документи

Поврзани производи

Контактирајте не

Тел: +389 2 2443494
[email protected]

Име и презиме

* задолжително

CAPTCHA