EnveoPutz Premium Silicon

ПРЕМИУМ СИЛИКОНСКИ МАЛТЕР, ЛЕСЕН ЗА НАНЕСУВАЊЕ, ВИСОКО ФЛЕКСИБИЛЕН И ВОДООТПОРЕН, ШТО ОВОЗМОЖУВА ФАСАДАТА ПОЛЕСНО ДА ГИ ИЗДРЖИ СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Прочитај повеќе
Затвори
ПРЕМИУМ СИЛИКОНСКИ МАЛТЕР, ЛЕСЕН ЗА НАНЕСУВАЊЕ, ВИСОКО ФЛЕКСИБИЛЕН И ВОДООТПОРЕН, ШТО ОВОЗМОЖУВА ФАСАДАТА ПОЛЕСНО ДА ГИ ИЗДРЖИ СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Пресметајте колку материјал ви треба

EnveoPutz Premium Silicon е силиконски завршен малтер наменет за декорација и заштита на фасадни површини. Поради високата еластичност и високата вододбојност ја намалува можноста за појава на микропукнатини на фасадата и негативни влијаниа од влага. Достапен е во голем број нијанси по Enveo тон карта

Предности на производот: 

изразена еластичност

Висока паропропусност

Висока вододобојност

Подоготовка на површината:

Подлогата на која се нанесува производот мора да биде чиста, цврста, сува, без дамки од маснотии и масло, носива и без делови кои се одовојуваат. Малтерот може да се нанесува на подлога на база на вар и цемент, претходно на подлогата мора да биде нанесена подлога EnveoGrund. Цементно-варовите малтери и бетони мора да бидат стари најмалку еден месец со остаток на влага ≤ 2%. Недоволно носивите премази и делови кои се одвојуваат, со вода растворете премаз (при перење на целата површина) потполно отстранете ги и санирајте со соодветен материјал. Контаминираните површини со мувла и алги потребно е да се исперат со топла вода и да се дезинфицираат со адекватно средство

Подготовка и вградување на производот

Минимално 24h пред нанесување на фасадниот малтер на површината се нанесува основна подлога EnveoGrund со цел да се подобри прилепливоста, регулирање на водовпивливоста, подобрување на водоотпорноста и отвореното време за обработка на малтерот. Подлогата мора да биде тонирана во иста како и фасадниот малтер.

EnveoPutz Premium Silicon пред употреба добро се промешува до дното, секоја канта поединечно а потоа материјалот мора да се хомогенизира од различни пакувања во еден голем сад, со цел изедначување на нијансата (егализација). За подобрување на консистенцијата на малтерот по потреба се додава чиста вода максимум 250ml на  25kg производ. По додавањето на вода, додавање пигмент не е дозволено.

Фасадниот малтер се нанесува со челична глетарица во дебелина на зрното. Правилно нанесен малтер се обработува со PVC или 
метална глетарица со благ притисок на површината со кружни или праволиниски движења во зависност од структурата и саканиот изглед. Наносот и обработката на малтерот се прави во континуитет за површината да изгледа изедначено. За успешна изведба неопходно е да се 
синхронизира бројот на апликатори во одност на катноста на објектот и површината, за да споевите на материјалот бидат изведени влажно на влажно и незабележливи по завршувањето на нанесувањето

Фасадниот систем мора да биде обезбеден со окапници за да се постигне целосна заштита од навлегување и слевање на вода по површината. Производот не се употребува на хоризонтални површини каде може да дојде до задржување на нечистотии, вода и снег

При вградување и сушење температурата на подлогата и воздухот мора да изнесува помеѓу 5°C и 30°C. Нанесениот материјал мора да се заштити од сончеви зраци, ветер и дожд најмалку 24 часа, по што се постигнува отпорност на атмосферски влијаниа. Препорачана метода за заштита е поставување заштитна мрежа но може да не биде доволна доколку наведените влијаниа се со јак интензитет. Доколку временските 
услови не се во склад со наведените, потребно е постапката за изведба да се одложи и да се почека до нормализирање на оптималните условите за работа.

* сите наведени параметри се однесуваат на стандардни временски услови: температура 20°C, релативна влажност на воздухот до 65%. Произведувачот препорачува пред почетокот на работата да се направат мали, пробни, површини поради проверка дали производот/подлогата се правилно подготвени и дали се обезбедени соодветни услови за употреба и вградување. Доколку не се, ве замолуваме да прекинете со работа и да се обратите кај претставник од компанијата Saint-Gobain. Компанијата не прифаќа одговорност за неправилна изведба со наведениот материјал како и користење на материјалите за работи кои не се наведени во описот на производот. Рекламации по завршувањето на изведбата на работите не се прифаќаат.

Алат за работа:

За мешање: електричен миксер 


За нанесување и обработка: челична и пластична глетарица

Потрошувачка на производот:

Околу 2,5-3,5 kg/m2 во зависност од гранулацијата и видот на фасадата.

Чување, складирање и транспорт:

EnveoPutz Premium Silicon мора да биде складишен во оригинално, неоштетено пакување, на цврсти и исправни палети, во сува просторија, без директна изложеност на снег, дожд, град или сонце, заштитен од мраз во затворен или покриен простор.Производот не е опасен за транспорт според сите национални и меѓународни сообраќајни прописи. При транспорт, производот мора да се заштити од атмосферски влијаниа. Производот се транспортира и складира на температури од +5°C до +30°C.

Безбедност на производот:

Внимание
Опасни состојки на смесата:
2-methyl-2H-isothiazol-3-one 1,2-benzizotiazol3(2H)-on реакциона смеса: 5-hlor-2-metil-4-izotiazolin-3-ona [EC br.. 247-500-7] i 2-metil-2Hizotiazol-3-ona [EC br.. 220-239-6] (3:1)
Може да предизвика алергиски реакции на кожата.


Доколку е потребен медицински совет, земете го со себе пакувањето или етикетата на производот. Да се чува подалеку од дофат на деца. Прочитајте внимателно и следете ги сите упатства. Избегнувајте вдишување на спрејот. Избегнувајте вдишување на прашина / чад / гас / магла / пареа / спреј. Носете заштитни ракавици. Отстранете ја контаминираната облека и измијте ја пред повторна употреба. Ако се појави иритација или осип на кожата: Побарајте медицински совет/набљудување. Специфичен третман (видете на оваа етикета). Отстранување на содржината и пакувањето во согласност со прописите на РС

Карактеристики и предности

Боја на производот: EnveoPutz Premium Silicon е фасаден малтер во бела боја, може да се тонира по Enveo тон карта.
Пакување: пластична канта 25kg, 600kg на палета.
Рок на траење: 12 месеци од датумот на производство втиснат на кантата.
Детални информаци за производот, дополнителна документација и безбедносен лист, можете да пронајдете на официјалната интернет страница www.saint-gobain.m

..

Документи

Поврзани производи

Контактирајте не

Тел: +389 2 2443494
[email protected]

Име и презиме

* задолжително

CAPTCHA