EnveoTherm Mesh 3F

МРЕЖА ОД СТАКЛЕНИ ВЛАКНА
Прочитај повеќе
Затвори
МРЕЖА ОД СТАКЛЕНИ ВЛАКНА

Пресметајте колку материјал ви треба

Употреба

 

EnveoTherm Mesh 3F е посебно дизајнирана како задолжителна компонента во ETICS системите. Заштедува време при изведба бидејќи се изоставува чекорот од дополнително засилување со аголни ленти од мрежа околу отворите на фасадата. Ова не е само брзо, туку и помага да се постигне рамна површина на фасадата. Производот е тестиран во лабораторија но и на градилиште.

Овој специфичен пристап е сертифициран со ETA 21/0760, точка 9. Благодарение на триаксалната контрукција, избалансирана затегнувачка цврстина во сите три правци и отпрноста на алкали, EnveoTherm Mesh 3F спречува појава на 
пукнатини и на тој начин го штити целиот систем од продор на вода и развој на мувла. Векот на траењето 
на било кој систем со ова е продолжен до максимум.

Употребата на EnveoTherm Mesh 3F мрежата е иста како и кај другите мрежи, но благодарение на ткаењето со тринасочни предива, при изведба не е потребно дополнителнително засилување од аголни ленти околу отворите

Опис на производот:

 Изработена од стаклени влакна

Отпорна на алкални материи

 Триаксално поставена ткаенина

Патентирана и CE сертифицирана

Технички карактеристики

 

ОСНОВНИ ПАРАМЕТРИЕДИНИЦАПЕРФОРМАНСИ
Маса по единица површинаg/m2166 ± 5%
Димензии на отворитеmm(6,5/6,5/6,5) ± 1
Дебелинаmm0,55 ± 0,1
Техничка спецификацијаEAD 040016-01-0404 

Вградување

Вградете ги аголните и прозорските профили

Нанесете прв слој од лепилото на цела површина

Поставете ја мрежата од врвот кон надолу, втиснете ја во првиот слој лепило (започнете од средина па ширете кон краевите)

Преклопите помеѓу двете ленти мрежа треба да бидат најмалку 10 cm за да се обезбеди континуитет во армирањето

Нанесете го вториот слој лепило, внимателно да мрежата биде позиционирана во горната третина од второ нанесениот слој лепило. Пресечете ја мрежата околу отворите

Складирање

Стаклено-текстиланата мрежа се складира во оригинално пакување во сува просторија. Препорачуваме температурата на складирање да биде помеѓу 10 °C и +50 °C. заштитена од директна сончева светлина

Пакување

 

  • Пакување во ролни
  • Димензија 1,1 x 50m
  • Заштитена со пластична фолија
  • Палета 120 x 80 cm
  • 30 ролни/палетa

..

Документи

Поврзани производи

Контактирајте не

Тел: +389 2 2443494
[email protected]

Име и презиме

* задолжително

CAPTCHA