EnveoTon Silicon
EnveoTon Silicon е фасадна дисперзивна боја направена врз основа на висококвалитетна силиконска смола и полимерна емулзија. Избраните полимери и адитиви обезбедуваат одлична отпорност и стабилност на атмосферските влијанија.
Предности на производот:
Одлична еластичност
Исклучителна водоотпорност
Висока пропустливост на пареа
UV отпорност
Одлична покривност
Употреба:
Наменет е за заштита на нови и стари носивни фасадни површини. Погоден е за нанесување на површини на база на цемент и вар, бетон, како и на постоечки декоративни малтери и бои во фасадниот систем со стиропор и камена волна. Може да се нијансира во голем број нијанси според тон картата на Enveo
Подоготовка на површината:
Површината на која се нанесува производот мора да биде чиста, цврста, сува, без траги од маснотии и масло, носива и без делови што се одвојуваат. Цементно-варовните малтери и бетонските површини мора да бидат стари најмалку еден месец, со преостаната влага ≤ 2%. Недоволни носиви премази и делови што паѓаат, премази растворливи во вода (при миење на површината) мора целосно да се отстранат и да се санираат со соодветен материјал пред нанесување на прајмерот. Површините контаминирани со мувла и алги треба да се измијат со топла вода и да се дезинфицираат со соодветно средство. Високо впивливите и старите подлоги треба да се премачкаат со weberprim deep прајмер разреден со чиста вода во сооднос од 1:3 до 1:6, во зависност од впивливоста и состојбата на подлогата. Нанесете го прајмерот најмалку 12 часа пред нанесување на фасадната боја.
Подготовка и вградување на производот
Пред да започнете со работата, потребно е темелно да ја измешате фасадната боја до дното на кантата, а потоа да го комбинирате материјалот од различни серии и/или пакувања во еден поголем сад за да се изедначи нијансата (егализација). Доколку е потребно, додадете чиста вода до 20% за првото нанесување на боја, или до 10% за второто нанесување на боја, а потоа мешајте до целосна хомогенизација.
На подготвената подлога, нанесете EnveoTon акрил со валјак или четка во најмалку два слоја, за да се постигне целосно покривање на површината и
да се добие потребната нијанса на боја. Нанесете рамномерно и континуирано, за да се постигне рамномерно нанесување и рамномерно сушење. Нанесете го вториот слој само откако првиот слој целосно ќе се исуши, т.е. не порано од 6 часа по нанесувањето на првиот слој боја под оптимални временски услови. Нијансите со HBW индекс помал од 30% треба да се користат исклучиво за мали површини, како што се граници околу прозорци, врати и други отвори.
Фасадниот систем мора да биде опремен со окапници (прозорци, поткровје итн.) за да се постигне целосна заштита од пенетрација и течење на вода по површината. Не го користете производот на хоризонтални површини каде што може да се акумулира нечистотија, вода и снег.
За време на нанесувањето и сушењето, температурата на подлогата и воздухот мора да биде помеѓу 5°C и 30°C. Заштитете го материјалот од влијанието на сонцето, ветерот, маглата и дождот најмалку 24 часа, по што се постигнува отпорност на атмосферски влијанија. Препорачаниот метод на заштита е поставување скелиња, но може да биде недоволен ако ударите се со силен интензитет. Доколку временските услови не се во согласност со горенаведеното, потребно е да се прекине постапката на работа и да се почека да се добијат оптимални услови.
* Сите наведени параметри се однесуваат на стандардни временски услови: температура 20°C, релативна влажност до 65%.
Се препорачува редовно одржување на фасадната површина, со отстранување на наслаги од прашина и отстранување на траги од нечистотија со топла вода и/или средства за чистење. Редовното одржување ја намалува можноста за алги и габи и го продолжува животниот век на фасадниот систем.
Производителот препорачува пред почетокот на работата да се направат помали, тест површини за да се провери дали производот/подлогата е правилно подготвен и дали се обезбедени соодветни услови за употреба и вградување. Доколку не се обезбедени, ве молиме прекинете ја работата и контактирајте претставник на Saint-Gobain Преставништво во Скопје. Компанијата не е одговорна за неправилно извршување на работата со наведениот материјал, како и за употреба на материјалот за цели што не се наведени во описот на производот. Жалби по завршувањето на работата не се прифаќаат.
Алат за работа:
За мешање: електричен миксер или рачно.
За нанесување: валјак и/или четка
Потрошувачка на производот:
Околу 0,25-0,4 kg/m2 за два слоја фасадна акрилна боја, во зависност од грубоста и впивливоста на подлогата, температурата на воздухот и подлогата, видот на алатката, начинот на нанесување итн.
Чување
Остатоците од свежиот производ се чистат
од алатите и извалканите површини со вода.
Стврднатиот производ мора да се отстрани
само со механички средства.
Ограничувања на производот
Фасадната боја EnveoTon Silicon не смее да се
користи во следниве ситуации:
- Со фасадни системи кои содржат влага
- Со недоволно носиви површини
- На температури за складирање, транспорт,
нанесување и сушење пониски од +5˚C и
повисоки од +30˚C
- Со подлоги што содржат алги и габи
Безбедност на производот:
Производот не е класифициран како опасен.
Содржи реакциона смеса од 5-хлоро-2-метил-4-изотиазолин-3-он и 2-метил-2H-изотиазол-3-он (3:1). Може да предизвика алергиска реакција.
Карактеристики и предности
Боја на производот: EnveoPutz Premium Aqua е фасаден малтер во бела боја може да се тонира по Enveo тон карта.
Пакување: пластична канта 25kg, 600kg на палета.
Рок на траење: 12 месеци од датумот на производство втиснат на кантата.
Детални информаци за производот, дополнителна документација и безбедносен лист, можете да пронајдете на официјалната интернет страница www.saint-gobain.mk
..
Документи
Поврзани производи
Контактирајте не
Тел: +389 2 2443494
[email protected]