GDPR & Cookies

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Информации за обработка на лични податоци за посетителите на нашата веб-страница


Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да даде информации за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци за посетителите на нашата веб страница, заинтересираните лица за нашите производи и услуги и за нашите деловни партнери.
Почитувањето на приватноста на поединците, вклучително и заштитата на личните податоци, е од суштинско значење за нас. Ние сме посветени на заштита на личните податоци и гарантирање на безбедност и доверливост на обработката на истите.
Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци што се предмет на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.


Основни податоци и контакт информации


Компанијата Саинт-Гобаин Унгарија ДОО - Преставништво Скопје е регистрирана во Централниот Регистар, ЕМБС 6926339, со седиште на улица 808 бр.2 Скопје-Гази Баба, (во натамошниот текст „Saint-Gobain“). Saint-Gobain во својство на контролор на лични податоци, одржува електронска база на податоци за контакт на клиенти или потенцијални клиенти и нивните лица за контакт.
Со нас можете да остварите контакт преку телефонот за контакт +3892 2443494 или преку електронска пошта (e-mail) на следната адреса: info.mk@saint-gobain.com     


Што се лични податоци?

Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.


Кои категории лични податоци ги обработуваме и од каде ги добиваме личните податоци?

  • Ги обработуваме само оние лични податоци кои се неопходни за исполнување на целите за обработка, а кои може да ги вклучуваат следните категории на лични податоци:
  • Контакт податоци за нашите клиенти или потенцијални клиенти и нивните лица за контакт: име и презиме, адреса и телефонски број, број на мобилен телефон и email адреса;
  • Други податоци неопходни за спроведување на договорни или проектни односи со нашите клиенти и дистрибутивни партнери како што се податоци за плаќање (може да имаме пристап до информациите за наплата, како на пример, пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката на начин што е генерално дозволен од издавачите на платежни картички), податоци за нарачката итн.;
  •  Други податоци кои се неопходни за исполнување на барањата на нашите клиенти или потенцијални клиенти, вклучително и единствена идентификација на лицето за контакт во нашите системи.Личните податоци на нашите клиенти или потенцијални клиенти ги собираме непосредно од самите субјекти кога ги извршуваме договорните односи или кога ги бараат нашите услуги. Дополнително, обработуваме личните податоци што ги имаме соодветно добиено од јавни извори.
  • Во исто време, воспоставуваме база на податоци на субјекти заинтересирани за информации за производи и новости во градежната индустрија, а кои се заинтересирани редовно да добиваат комерцијални пораки по електронска порака (e-mail). Овие податоци ги обезбедуваме од субјектите преку веб-страница https://www.saint-gobain.mk со пополнување на онлајн формулар и давање на соодветна согласност за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг.


Правен основ за обработка на личните податоци!


Секогаш кога ги обработуваме личните податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ го црпиме од одредбите на Законот за заштита на личните податоци (во понатамошниот текст: „ЗЗЛП“), а истиот може да биде:

 

  • Вашата согласност (член 10 став 1 алинеја 1 од ЗЗЛП) – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга на пример:

- да добиете маркетинг комуникација од наша страна;


-да складираме одредени колачиња на Вашиот уред. Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња на нашата веб-страница за повеќе информации за различните видови колачиња што ги користиме и нивната намена.

 

  • Исполнување на договор (член 10 став 1 алинеја 2 од ЗЗЛП)  - Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација на нарачка и плаќање за добивање на производ или услуга (на пример, сакате да купите производ и ние можеме да управуваме со логистиката поврзана со тоа).

 

  • Нашите легитимни интереси (член 10 став 1 алинеја 6 од ЗЗЛП)   – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за:

- Може да ги користиме Вашите лични податоци за да можеме да го процесираме секое Ваше плаќање кога купувате некој од нашите производи/или услуги (вклучувајќи ја и проверката дека Вашата исплата е ослободена од измама или друга сомнителна активност);

-Може да ги користиме Вашите лични податоци за да бидеме сигурни дека нашите (веб-страници/апликации) функционираат соодветно и се безбедни и сигурни.

-Да одговориме на вашите прашања и барања.

-Остварување на било какви правни барања или за статистички цели.

 

  • За да почитуваме одредена законска обврска (член 10 став 1 алинеја 7 од ЗЗЛП)    – Ова се однесува кога Вие ни ги давате Вашите лични податоци кои ние треба да ги чуваме поради наши законски обврски (на пример, кога купувате одреден производ, ние треба да ги чуваме Вашите информации за трансакцијата за да се усогласат со нашите обврски за даночно и финансиско известување).


За која цел ги обработуваме личните податоци?

Вашите лични податоци ги обработуваме за следните цели:

 

  • Комуникација со нашите клиенти и потенцијални клиенти за нашите производи, услуги и проекти (како што е редовно доставување на информации и билтени), или организирање обука за производи;
  • Постапување согласно барањата на нашите клиенти, потенцијални клиенти или други заинтересирани страни;
  • Планирање, спроведување или управување со нашите (договорни) односи со клиентите, на пример заради обработка на нарачки, сметководствени потреби, испораки и организирање транспорт;
  • Испраќање вести за нашите производи и услуги, спроведување анкети за клиенти, маркетинг кампањи, анализа на пазарот, наградни игри, натпревари или слични акции или настани;
  • Одржување и заштита на безбедноста и безбедноста на нашите производи и услуги и безбедноста и функционалноста на нашата веб-страница; 
  • Откривање и спречување на безбедносни ризици, измамнички активности или други криминални или штетни дејствија;
  • Усогласеност со законските барања (на пример: усогласеност со обврските за чување на  документацијата за даночни потреби; спречување на перење пари или економски криминал и слично);
  • Решавање спорови и тужби, докажување и остварување на правни побарувања или одбрана од нив, водење и одбрана од правни спорови, спроведување на постоечки договори.

 

Со кого ги споделуваме вашите податоци или на кого му ги пренесуваме?

Во рамките на нашата компанија, пристап до Вашите податоци ќе имаат само лица и субјекти на кои им се потребни личните податоци на нашите контакт лица за исполнување на горенаведените цели. Пристапот е секогаш контролиран врз основа на need-to-know basis, и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги.Во рамките на нашата Saint-Gobain Групација, личните податоци може да се доставуваат до одредени компании во Групацијата доколку овие компании централно извршуваат клучни задачи за филијалите во рамките на Групацијата или извршуваат функции помеѓу компании врз основа на организациската структура само доколку е потребно за исполнување на горенаведените цели. Правата и обврските за заштита на личните податоци при обработка на истите од страна на компаниите во рамките на Saint-Gobain Групација е регулирано со соодветни договорни и групации клаузули кои обезбедуваат соодветна заштита на личните податоци согласно законските прописи.  


Личните податоци секогаш се обработуваат во рамките на територијата на Европската Унија или Европскиот економски простор и не се пренесуваат во трети надворешни држави. Преносот на личните податоци во рамките на Европската унија или Европскиот економски простор се врши, со цел правење на резервна копија и архивирање на податоците и да се обезбеди функционалност и иновативност на ИКТ системот што се користи


Во одредени случаи, можеме да споделуваме лични податоци со обработувачите кои обезбедуваат низа деловни операции во наше име, како што се испраќање пратки email пораки, испраќање групни понуди и други деловни комуникации, вклучувајќи понуди испратени по електронска пошта итн., со цел испраќање нарачки. 
Со обработувачите склучуваме договори за обработка на лични податоци, со кои ги обврзуваме на истиот стандард за заштита на личните податоци, исто како самите да ги вршиме овие издвоени делови од обработката на личните податоци. Во исто време, овие договорни обработувачи ги обработуваат податоците само за реализација на договорно дефинираните услуги за Saint-Gobain и за никаква друга цел, ниту пак смеат да ги користат за свои цели или за цели на трети лица.
Обично не ги пренесуваме Вашите лични податоци на трети лица. Од време на време, сме должни да ги обезбедиме Вашите лични податоци на одредени надворешни корисници доколку истите имаат соодветна правна основа за добивање на Вашите податоци. Таквите корисници се обично разни државни органи, на кои им се потребни Вашите лични податоци како дел од официјалните постапки што ги спроведуваат, но исто така можат да бидат поединци, ако побараат пристап до податоците преку суд или ако со сигурност докажат дека Вие сами сте ги овластиле да ги добијат Вашите податоци.
Евентуалното барање за добивање на Вашите лични податоци од страна на трети лица секогаш се проверува за да се утврди дали тие потекнуваат од овластен барател и дали тој има соодветна правна основа за нивно стекнување. Во случај барањето за добивање на податоци да биде нецелосно, ние ќе одбиеме секакво доставување на Вашите податоци.


Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?


Вашите податоци ќе ги чуваме во периодот неопходен за постигнување на целите утврдени во оваа политика за приватност, освен ако не е неопходен или дозволен со закон подолг период на чување.

 

  1. Податоци за договорни партнери и потенцијални договорни партнери


Податоците на договорните партнери ги чуваме за целото времетраење на договорниот однос за да можеме да го исполниме договорот и договорните обврски и да ги оствариме правата кои произлегуваат од него. За целите на архивирање на нарачки (и какви било побарувања што може да произлезат од договорот и по неговото раскинување), ги чуваме податоците најмалку уште 3 години по раскинувањето на договорниот однос, освен ако законските прописи или нашиот легитимен интерес не бараат подолг период на архивирање во даден конкретен случај. Податоците на заинтересираните лица за нашите услуги ги чуваме во временски период доволен за обработка на даденото барање и последователно потенцијално склучување на договорниот однос.


2. Податоци добиени врз основа на согласност за директен маркетинг 


Податоците на лица кои имаат дадено согласност за обработка за цели на директен маркетинг ги чуваме сè додека не се отповика согласноста или додека не истече периодот за кој е дадена согласноста, односно 5 години. Во секоја  комуникација за директен маркeтинг, имате право да одбиете понатамошно испраќање на комерцијални комуникации, бесплатно (со кликнување на соодветниот линк). Доколку сте регистрирани во оваа база на податоци и сте заинтересирани да бидете избришани од оваа база на податоци, испратете е-mail на info.mk@saint-gobain.com 


Остварување на права во врска со обработка на личните податоци

Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:

  • Право да бидете информирани за обработката на вашите личните податоци
  • Право на пристап до личните податоци и добивање на нивна копија
  • Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивна обработка е исполнета
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за време кое е потребно да се провери нивната точност, обработката е незаконска но се спротиставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварување на ваши правни барања, се спротиставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над вашите интереси како субјект на лични податоци
  • Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес. Во секое време имате право на приговор за обработката за директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг.
  • Право на преносливост на податоците, односно да ги добиете вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или ваша согласност.

Барања за остварување на правата на личните податоци:


Образец бр.1 – Барање за исправка на личните податоци 
Образец бр.2 – Барање за бришење на обработката на личните податоци 
Образец бр.3 – Барање за ограничување на обработката на лични податоци 
Образец бр.4 - Барање за преност на личните податоци 
Образец бр.5 – Приговор на обработката на личните податоци
Образец бр.6 – Барање за пристап до личните податоци

Заштита на приватноста


Спроведуваме физички, организациски и технички мерки за заштита на податоците од загуба, кражба, недостапност и неовластено користење. Ние ги штитиме Вашите податоци во согласност со важечкото законодавство и интерните акти со кои се регулира заштитата и безбедноста на личните податоци како и областа на информатичката безбедност.
Сите вработени, договорни обработувачи и други лица се обврзани да ја штитат доверливоста на Вашите податоци и не смеат да ги откриваат на неовластено лице или лица, кои немаат соодветна основа за обработка на Вашите лични податоци. Ние дозволуваме пристап до Вашите лични податоци само на оние лица кои треба да ги знаат овие податоци за да можат да ги обработуваат во наше име. Овие лица се обврзани со договорни обврски во врска со доверливоста, а во случај на какво било прекршување, против нив може да се поведат соодветни постапки.
Деловните простории каде што се наоѓаат носачите со лични податоци, хардверот и софтверот, внимателно се заштитени со мерки, кои што на неовластени лица им оневозможуваат неовластен пристап до личните податоци.
Ние спроведуваме, прегледуваме и одржуваме безбедносни процедури што ги исполнуваат најновите техники, стандарди и практики за заштита на податоците.
Интерната мрежа е заштитена од надворешниот свет со заштитен ѕид и други активни системи за превенција, за откривање на упади, коишто се од најновата технологија.


Автоматизиран процес на одлучување, профилирање


Ние може да употребуваме автоматизиран процес на донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање во процесот на обработка на вашите лични податоци врз основа на претходно дадена согласност за маркетинг активности. Ние може да ги анализираме Вашите лични податоци врз основа на демографски податоци, податоци од пребарување, историја на купувањe. Врз основа на оваа анализа, ние можеме да ви дадеме одредена понуда за одредени производи.
Доколку имате било какви прашања во врска со автоматското донесување на одлуки, можете слободно да не контактирате преку податоците за контакт на Офицерот за заштита на личните податоци наведени погоре.


Право на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци


Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на вашите лични податоци доколку сметате дека ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://azlp.mk/ 


Промена на политиката на приватност


Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

Образец бр.1


БАРАЊЕ ЗА ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
 
Согласно член 20 од Законот за заштита на личните податоци, Вие како лице на кое се однесуваат личните податоци, имате право да побарате исправка на Вашите неточни лични податоци, кои ги обработува Саинт-Гобаин Унгарија ДОО - Преставништво Скопје како контролор на вашите лични податоци.

ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО 
(Податоците кои се означени со ѕвезда се задолжителни за идентификација на подносителот на барањето) 
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: 
 

КОНТАКТ ПОДАТОЦИ:
(задолжителен е најмалку еден контакт податок)

Адреса: 
 

E-mail адреса: 
 

Контакт телефон: 
 
БАРАЊЕ ЗА ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
 
НАВЕДЕТЕ ГИ ПОГРЕШНИТЕ ИЛИ НЕЦЕЛОСНИ ПОДАТОЦИ: 
 

 
НАВЕДЕТЕ ГИ ТОЧНИТЕ-НЕЦЕЛОСНИТЕ ПОДАТОЦИ: 
 

Ве молиме да дадете образложение за барањето и по потреба да ги приложите дополнителните документи: 
 

Со потпишување на ова барање, потврдувате дека Вие сте подносител, како и дека информациите и изјавите дадени во барањето се вистинити и точни. Контролорот ги собира и обработува Вашите податоци наведени во ова барање исклучиво и врз основа на истото, а со цел спроведување на соодветна постапка за остварување на Вашето право. 

Потпис на подносителот на барањето: 

 
Датум на поднесување на барањето: 

Образец бр.2

БАРАЊЕ ЗА БРИШЕЊЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
 
Согласно член 21 од Законот за заштита на личните податоци, Вие како лице на кое се однесуваат личните податоци, имате право да побарате бришење на Вашите неточни лични податоци, кои ги обработува Саинт-Гобаин Унгарија ДОО - Преставништво Скопје како контролор на вашите лични податоци.
 
ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО 
(Податоците кои се означени со ѕвезда се задолжителни за идентификација на подносителот на барањето) 
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: * 
 

КОНТАКТ ПОДАТОЦИ* 
(задолжителен е најмалку еден контакт податок) 
Адреса: 
E-mail адреса: .
Контакт телефон: 
 
БАРАЊЕ ЗА БРИШЕЊЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Ве молиме подетално да го дефинирате барањето: 
За подолу наведените видови, односно категории на лични податоци: 
БАРАМ:  
 БРИШЕЊЕ на податоци:  

  • податоците повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени на друг начин; 
  • поради повлекување на согласноста за обработка на личните податоци и за нивна обработка повеќе не постои правен основ; 
  • поради вложен приговор на обработката; 
  • личните податоци биле незаконски обработени; 
  • бришењето на податоците е согласно закон, 
  • останато:

Со потпишување на ова барање, потврдувате дека Вие сте подносител, како и дека информациите и изјавите дадени во барањето се вистинити и точни. Контролорот ги собира и обработува Вашите податоци наведени во ова барање исклучиво и врз основа на истото, а со цел спроведување на соодветна постапка за остварување на Вашето право. 
  
 
Потпис на подносителот на барањето: 

 
Датум на поднесување на барањето: 

 


Образец бр.3
БАРАЊЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 
Согласно член 22 од Законот за заштита на личните податоци, Вие како лице на кое се однесуваат личните податоци, имате право да побарате ограничување на обработката на Вашите лични податоци, кои ги обработува Саинт-Гобаин Унгарија ДОО - Преставништво Скопје  како контролор на вашите лични податоци. 

ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО 
(Податоците кои се означени со ѕвезда се задолжителни за идентификација на подносителот на барањето) 
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: 

КОНТАКТ ПОДАТОЦИ*
(задолжителен е најмалку еден контакт податок)
Адреса: 
E-mail адреса: 
Контакт телефон: 
 
БАРАЊЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Ве молиме подетално да го дефинирате барањето: 
За подолу наведените видови, односно категории на лични податоци: 
 

БАРАМ:  

ОГРАНИЧУВАЊЕ на податоци:  

  • поради оспорување на точноста на податоците; 
  • обработката на податоците е незаконска; 
  • за воспоставување, остварување или одбрана на правата на субјектот на личните податоци; 
  • поради поднесен приговор за обработка на личните податоци; 
  • останато

Со потпишување на ова барање, потврдувате дека Вие сте подносител, како и дека информациите и изјавите дадени во барањето се вистинити и точни. Контролорот ги собира и обработува Вашите податоци наведени во ова барање исклучиво и врз основа на истото, а со цел спроведување на соодветна постапка за остварување на Вашето право. 

 
Потпис на подносителот на барањето: 

 
Датум на поднесување на барањето: 

 

Образец бр.4


БАРАЊЕ ЗА ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
 
Согласно член 24 од Законот за заштита на личните податоци, Вие како лице на кое се однесуваат личните податоци, имате право да побарате пренос на Вашите лични податоци, кои ги обработува Саинт-Гобаин Унгарија ДОО - Преставништво Скопје и да ги примите во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат и истите да ги пренесете на друг Контролор, доколку се исполнети следните услови:
Обработката се врши врз основа на изречна согласност за обработка на личните податоци за една или повеќе конкретни цели;
Обработката се врши согласно договорна обврска и
Обработката се врши на автоматизиран начин. 
 
ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО 
(Податоците кои се означени со ѕвезда се задолжителни за идентификација на подносителот на барањето) 
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: 
 
КОНТАКТ ПОДАТОЦИ* 
(задолжителен е најмалку еден контакт податок)    
Адреса:
E-mail адреса: 
Контакт телефон: 
 
БАРАЊЕ ЗА ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Ве молиме подетално да го дефинирате барањето: 

  • Барам моите лични податоци кои ги обработува Контролорот да ми ги испратите на мене, и тоа на следната адреса:

 

  • Барам моите лични податоци, кои ги обработува Контролорот, да ги проследите непосредно до следниот Контролор:

 
НАЗИВ НА КОНТРОЛОР - ПРИМАЧ: 

АДРЕСА НА КОНТРОЛОРОТ – ПРИМАЧ 

КОНТАКТ НА КОНТРОЛОРОТ – ПРИМАЧ 

Со потпишување на ова барање, потврдувате дека Вие сте подносител, како и дека информациите и изјавите дадени во барањето се вистинити и точни. Контролорот ги собира и обработува Вашите податоци наведени во ова барање исклучиво и врз основа на истото, а со цел спроведување на соодветна постапка за остварување на Вашето право. 

Потпис на подносителот на барањето: 

 
Датум на поднесување на барањето: 

 

Образец бр.5

ПРИГОВОР НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
 
Согласно член 25 од Законот за заштита на личните податоци, Вие како лице на кое се однесуваат личните податоци, имате право во секое време да поднесете приговор на обработката на Вашите лични податоци до Саинт-Гобаин Унгарија ДОО - Преставништво Скопје како контролор на Вашите лични податоци. 

ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО 
(Податоците кои се означени со ѕвезда се задолжителни за идентификација на подносителот на барањето) 
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: 

КОНТАКТ ПОДАТОЦИ*
(задолжителен е најмалку еден контакт податок)
Адреса: 
E-mail адреса: 
Контакт телефон: 

ПРИГОВАРАМ на обработката на личните податоци кои Контролорот ги обработува: 

  • за цел на остварување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на Контролорот утврдено со закон; 
  • за цел на остварување на легитимните интереси на Контролорот или трето лице; 
  • за цели на директен маркетинг; 

Со потпишување на ова барање, потврдувате дека Вие сте подносител, како и дека информациите и изјавите дадени во барањето се вистинити и точни. Контролорот ги собира и обработува Вашите податоци наведени во ова барање исклучиво и врз основа на истото, а со цел спроведување на соодветна постапка за остварување на Вашето право.


Потпис на подносителот на барањето: 
 
Датум на поднесување на барањето: 

 

Образец бр.6


БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
 
Согласно член 19 од Законот за заштита на личните податоци, Вие како лице на кое се однесуваат личните податоци, имате право на пристап до Вашите неточни лични податоци, кои ги обработува Саинт-Гобаин Унгарија ДОО - Преставништво Скопје како контролор на Вашите лични податоци.

ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО 
(Податоците кои се означени со ѕвезда се задолжителни за идентификација на подносителот на барањето) 
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ:

 
КОНТАКТ ПОДАТОЦИ*
(задолжителен е најмалку еден контакт податок)   
Адреса: 
E-mail адреса: 
Контакт телефон: 
 
БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 
 
ДАЛИ САКАТЕ ИНФОРМАЦИЈА ИЛИ ДА СЕ ПОТВРДИ СЛЕДНОВО: 

  • кои Ваши лични податоци и од каде се собираат, од кој извор; 
  • за која цел се обработуваат;
  • кој е рокот на чување; 
  • на кои трети страни корисници се откриени;
  • дали се пренесуваат во трета земја надвор од ЕУ и ЕЕП и кои врз кои заштитни мерки; 
  • кои се вашите права;
  • дали постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи и профилирање.

НАВЕДЕТЕ ДАЛИ САКАТЕ КОПИЈА ОД ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: 

 
Ве молиме да дадете образложение за барањето и по потреба да ги приложите дополнителните документи: 
 

Со потпишување на ова барање, потврдувате дека Вие сте подносител, како и дека информациите и изјавите дадени во барањето се вистинити и точни. Контролорот ги собира и обработува Вашите податоци наведени во ова барање исклучиво и врз основа на истото, а со цел спроведување на соодветна постапка за остварување на Вашето право. 

Потпис на подносителот на барањето: 

 
Датум на поднесување на барањето: