
Isover Climaver Plus R
Опис на производот
Самоносечка Climaver плоча db.25mm, B класа на горивост. Надворешната страна на плочата е од зајакната алуминиумска фолија а внатрешната страна од црн стаклен воал. Каналите од Climaver Plus R плочите имаaт исклучителна цврстина, поради мазната внатрешна површина лесни се за одржување и чистиње, карактеристика што овозможува брза дистрибуција на водух во каналот.
Подготовка и користење:
Цврста плоча од хидрофобна минерална волна Isover со висока густина за вентилациони канали, која на надворешната страна е трослојно обложена, засилена со алуминиумска фолија, натрон хартија и стаклен воал. Овој слој функционира како парна брана. Внатрешната површина на плочата е обложена со мазна алуминиумска фолија, натрон хартија и стаклен воал, што и дава дополнителна механичка цврстина.
Карактеристики:
- Одлична звучна и добра топлинска изолација
- Вистинско решение за мрежа на самоносиви клима канали за дистрибуција на кондициониран воздух
Предности:
- Исклучителна цврстина на клима каналите изработени од Climaver Plus R
- Олеснато одржување на внатрешноста на каналите, поради мазната внатрешна површина
- Подобрен квалитет на акустика во просторот
- Отпорност на агресивни методи на чистење, UNE 100012
- Патентирани линии на надворешната страна за едноставна обработка со MTR алат
- Континуитет во споевите на каналите, со уникатниот патент машки/женски спој
- Нема создавање мувла и бактерии, во склад со EN 13403
- Оддржлив производ, може 100% да се рециклира, во чие производство се употребувани >50% рециклиран материјал.
Потрошувачка и пакување
Име | Дебелина | Должина | Пакување/m² | Палета/m² | Пакети/палета |
---|---|---|---|---|---|
ИмеClimaver Plus R | Дебелина25 | Должина1.19 | Пакување/m²24.99 | Палета/m²299.88 | Пакети/палета12 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.