
Isover Ultimate U Protect Wired Mat 4.0 Alu1
Опис на производот
Изолациона ролна од Isover Ultimate минерална стаклена волна еднострано обложена со хексагонова мрежа и црна алу фолија за противпожарна изолација на округли клима канали.
Подготовка и користење:
Изолационото решение од Isover Ultimate минерална стаклена волна за противпожарно изолирање на HVAC канали. Изведбата со U Protect минералната волна е едноставно, лесно и брзо решение за постигнување противпожарни барања кај округлите вентилациони канали, со различна ориентациска поставеност (хоризонтални или вертикални), на сите потенцијални места каде има можност за појава на пожар (надвор од каналите – Тип А или во каналите Тип Б). U Protect Wired Mat 4.0 Alu 1 е волна која е еднострано обложена со хексагонова мрежа и засилена со црна алу фолија.
Карактеристики:
- Ефективна противпожарна заштита
- Одлична звучна изолација
- Одлична топлинска изолација
- Лесна и едноставна за вградување
Предности:
- Ultimate минерална стаклена волна обезбедува ефективна противпожарна заштита и има одлична реакција на пожар
- Подобрен акустичен комфорт поради висока звучна апсорбција и одлична звучна изолација
- Исклучителна топлинска изолација во комбинација со уникатна ефикасност
- Isover изолационите материјали се дизајнирани за едноставно и брзо вградување
- Црната боја на алу фолијата допринесува до подобро визуелено вклопување на плафонските канали
Потрошувачка и пакување
Име | Дебелина | Ширина (m) | Должина (m) | Ролни/палета | Пакување/m² | Палета/m² |
---|---|---|---|---|---|---|
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 100 | Дебелина100 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)3 | Ролни/палета18 | Пакување/m²3.66 | Палета/m²34.56 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 120 | Дебелина120 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)2.5 | Ролни/палета18 | Пакување/m²3 | Палета/m²54 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 30 | Дебелина30 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)10 | Ролни/палета18 | Пакување/m²12 | Палета/m²112.32 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 40 | Дебелина40 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)7.5 | Ролни/палета18 | Пакување/m²9 | Палета/m²86.4 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 50 | Дебелина50 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)6 | Ролни/палета18 | Пакување/m²7.2 | Палета/m²69.12 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 60 | Дебелина60 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)5 | Ролни/палета18 | Пакување/m²6 | Палета/m²51.84 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 70 | Дебелина70 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)4.3 | Ролни/палета18 | Пакување/m²5.16 | Палета/m²43.2 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 75 | Дебелина75 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)4 | Ролни/палета18 | Пакување/m²4.8 | Палета/m²86.4 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 80 | Дебелина80 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)3.7 | Ролни/палета18 | Пакување/m²4.44 | Палета/m²79.92 |
ИмеU Protect Slab 4.0 Alu1 90 | Дебелина90 | Ширина (m)0.6 | Должина (m)3.3 | Ролни/палета18 | Пакување/m²3.96 | Палета/m²71.28 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.