Lead & Grow 2030
Нашата нова мапа на патот кон одржлив и профитабилен раст
„Lead & Grow 2030“ дава одговори на главните глобални предизвици: зголемената побарувачка за градежништво, адаптација на климатските промени и заштитата на природните ресурси. Нашиот план е да градиме побрзо, подобро и со помал јаглероден отпечаток. „Lead & Grow 2030“ ќе ни помогне да го трансформираме градежниот сектор, а воедно ќе го поддржи нашиот профитабилен раст.
3 главни цели на нашиот стратешки план
1. Да бидеме компанија за решенија
• да обезбедиме адаптирана и збогатена понуда
• да промовираме уште поодржлива градба на сите наши пазари (резиденцијални, нерезиденцијални, инфраструктура)
2. Да станеме доверлив партнер на нашите клиенти
• да ги прошириме документираните решенија со измерени придобивки
• да го зајакнеме Saint-Gobain како иконски комерцијален бренд
• да го обликуваме пазарот
3. Да ги надминеме нашите пазари
• да обезбедиме конзистентни финансиски перформанси
• да постигнеме посилни комерцијални резултати
• да се стремиме кон оперативна извонредност насекаде
Зошто Lead & Grow?
Lead (Лидер): затоа што сакаме да бидеме лидер експерт. Целта ни е да ги инспирираме нашите клиенти, да ги мобилизираме нашите тимови и да ја водиме градежната индустрија кон поодржлив модел.
Grow (Расте): затоа што сакаме да го подигнеме нашиот раст на ново ниво. Како? Со поширока и збогатена понуда што нè прави посилни, уште поотпорни и попрофитабилни.
“Благодарение на нашите претходни стратегии – Transform & Grow, а потоа и Grow & Impact – заеднички изградивме солидна основа за понатамошен раст. Сега подобро ги разбираме нашите клиенти, ги подобривме нашите целокупни перформанси, ја зајакнавме нашата конкурентност и имплементираме нови одржливи решенија со уште поголем интензитет. Сега почнуваме да го пишуваме следното поглавје од нашиот развој. „Lead & Grow“ не е само план. Тоа е нов импулс, движечка сила за сите нас. Тоа ја поставува насоката за Групацијата за периодот 2025–2030 година и јасно ги дефинира нашите амбиции: сакаме целосно да го искористиме нашиот потенцијал и да продолжиме да го развиваме нашиот одржлив и во исто време профитабилен раст на сите пазари – без разлика дали во резиденцијалниот или нерезиденцијалниот сектор, или во изградбата на инфраструктура.”
Беноа Базин
Претседател на Управниот одбор и извршен директор на групацијата Saint-Gobain