
EnveoTherm Excellent EPS
EnveoTherm Excellent е сертификуван фасаден систем наменет за станбени и деловни објекти, новоградба и адаптација на старите објекти. Трајност и термоизолациона заштита на објектот обезбедуваат избраните производи на Enveo, чија комбинација постигнува висококвалитетен фасаден склоп, дизајниран да обезбеди долгорочна функционалност.
Изолациониот елемент на системот може да биде изработен од бел или графитен стиропор, додека за завршниот декоративен слој, можете да изберете помеѓу силикатен и силиконски фасаден малтер.
Предности на фасадниот систем EnveoTherm Excellent EPS
Ги заштитува конструктивните елементи и го продолжува животниот век на објектот
Заштедува енергија при греење и ладење
Ја спречува појавата на топлински мостови со неутрализирање на негативниот естетски момент
Ја зголемува вредноста на објектот
Ја прави внатрешноста на објектот попријатна за престој
Состав на ENVEO фасадниот систем

1 EnveoKleber Excellent – лепило за лепење на ТИ плочи
2 EPS бел /графитен
3 ETAG 014 - типла
4 EnveoKleber Excellent – лепак за армирање на мрежичка
5 EnveoTherm Mesh 117 50 – фасадна мрежичка
6 EnveoGrund – фасаден прајмер
7 EnveoPutz Silicat/Silicon -фасадни малтери
Состав | Производ | Потрошувачка |
---|---|---|
Лепило за лепење | EnveoKleber Excellent | ≥ 5.0 kg/m² |
Изолациона плоча | EPS white EPS grey | 1,0 m²/m² |
Типли | Сите со ETAG 014 | ≥5 kom/m² |
Лепило за армирање | EnveoKleber Excellent | ≥ 5,0 kg/m² |
Фасадна армирачка мрежичка | EnveoTherm Mesh 117 50 | 1,1 m’/m² |
Фасаден прајмер | EnveoGrund | 0,25 kg/m² |
Фасаден декоративен малтер | EnveoPutz Silicat EnveoPutz Silicon | 2,0-3,5 kg/m² |
Упатство за монтажа
Термо изолационите плочи од бел или графитен стриропор да се залепат на претходно подготвената подлога со EnveoKleber Excellent лепило со примена на периметар-точкастата метода. Кога ги лепите плочите, поставете ги блиску една до друга и внимавајте споевите на плочите да не се совпаѓаат со рабовите на отворите. Детални упатства за подготовка на подлогата, подготовка и монтажа на производот може да се најдат во техничките листови на производот на QR кодот или www.saint-gobain.mk
Започнете со типлувањето најрано по 48 часа од лепењето. Анкерисувањето на типловите треба да се направи преку лепилото, на спојниците и низ средината на изолационата плоча. Минималниот број на типли по m² е 5 парчиња, а точниот број мора да го пресмета инженерот, во однос на висината на зградата, зоната на ветерот итн. Подетални упатства за производот може да се најдат на QR кодот или www.saint-gobain.mk
Пред армирањето на целата површина, поставете ги потребните профили со мрежа (аголна, окапна, контактна и сл.) како и аглите околу отворите. Лепилото EnveoKleber Excellent треба да се зајакне со EnveoTherm Mesh 117 50 со преклопувања од 10 cm, така што вкупниот дебел лепак по покривањето на мрежата да изнесува најмалку 4 mm. За време на монтажата, поставете ја мрежата во надворешната третина од лепилото, со што се обезбедува висока отпорност на системот од надворешни влијанија. Детални упатства за производите и апликацијата може да се најдат на QR кодот или на www.saint-gobain.mk
На добро исушениот EnveoKleber Excellent, нанесете EnveoGrund прајмер во еден до два слоја, по потреба. Потребно е површината да биде целосно покриена со бел или тониран прајмер во согласност со нијансата на фасадниот малтер од системот EnveoTherm Mix. Детални упатства за производот може да се најдат на QR-кодот или на www.saint-gobain.mk
Пред употреба, добро измешајте ги EnveoPutz Silicat/Silicon фасадните декоративни малтери и израмнете го материјалот за дадената површина. Потоа, продолжете со монтажата на производот на синхронизиран начин, одржувајќи ги споевите на материјалот според принципот влажно на влажно за да не се видливи по завршувањето. Температурата на воздухот и подлогата за време на инсталацијата и сушењето не смее да биде помала од 5°C и поголема од 30°C. Заштитете го материјалот од неповолни атмосферски влијанија најмалку 24 часа. Детални упатства за производите и апликацијата може да се најдат на QR кодот или на www.saint-gobain.mk
Контактирајте не
Тел: +389 2 2443494
[email protected]