EnveoMesh mobile image TN
EnveoGrund

EnveoGrund

СИЛИКАТНО-СИЛИКОНСКА ФАСАДНА ДИСПЕРЗИВНА ПОДЛОГА СО ГРАНУЛАЦИЈА
Прочитај повеќе
Затвори
СИЛИКАТНО-СИЛИКОНСКА ФАСАДНА ДИСПЕРЗИВНА ПОДЛОГА СО ГРАНУЛАЦИЈА

Пресметајте колку материјал ви треба

Enveo Grund е силикатно-силиконска фасадна подлога наменета за стабилизација на површината, регулирање на впивливоста, подобрување на атхезијата, зголемување на отвореното работно време на фасадниот малтер и зголемување на водоодбојноста на фасадниот систем. 

Предности на производот: 

изедначување на подлогата

зголемување на водоодбојноста

подобрување на атхезијата

Употреба:

Се применува пред нанесување на EnveoPutz фасадни декоративни малтери и ја зголемува релјефноста на површината на која се нанесува. Се тонира во Enveo микс систем и може да се употребува на нови и при реновирање на стари објекти.

Подоготовка на површината:

Површината на која се нанесува производот мора да биде чиста, цврста, сува, без дамки од маснотии и масла, носива и без делови кои се одвојуваат. Фасадната подлога се нанесува на површини на база на вар, цемент, цементно-варови малтери, со рок на траење најмалку еден месец. На недоволно носечките површини и деловите кои се одвојуваат, со вода растворете го премазот и потполно отстранете и санирајте ги деловите со соодветен малтер пред нанесување на прајмерот. Контаминираните површини со алги и мувла потребно е да се исперат со топла вода и соодветно средство.

Подготовка и нанесување на производот

Пред почеток со работата неопходно е добро да се промеша фасадната подлога EnveoGrund до дното на кантата и потоа мора да се хомогенизира материјалот од различни пакувања во еден голем сад поради изедначување на нијансата (егализација). По потреба се разредува со чиста вода максимум до 20%, поради добивање сакана конзистентност на материјалот. Прекумерно разредување на материјалот доведува до слабеење на неговата функција и намалување на векот на траење на фасадниот систем.

Фасадната површина се премачкува со подлогата EnveoGrund, најмалку 12h пред почетокот на нанесувањето на фасадниот малтер. Подлогата се тонира во иста нијанса како и фасадниот малтер, по Enveo микс систем.

Производот EnveoGrund се нанесува со долговлакнест валјак или четка, целосно преку целата површина, во еден или два слоја. Нанесувањето на подлогата се прави рамномерно и во континуитет, за да се постигне изедначеност на површината и рамномерно сушење. Дополнителни корекции, додавање вода или пигмент не е дозволено.

Сушењето на материјалот е најмалку 12h при оптимални услови. На ниски температури и при зголемена влажност сушењето може да трае и подолго, додека пак кај впивливите површини и при ниски температури на воздухот и површината, може да трае и кратко. Производот до целоcно сушење треба да се штити од атмосферски влијанија.

* сите наведени параметри се однесуваат на стандардни временски услови: температура +20°C, релативна влажност на воздухот до 65%. 

Температурата на подлогата и на водухот при нанесувањето и сушењето на фасадната подлога EnveoGrund, мора да бидат помеѓу +5°C и +30°C. Доколку временските услови не се во склад со наведените, потребно е да се одложат работните зафати и да се почека со изведбата се до создавањето на оптималните услови.

Производителот препорачува пред почетокот на работата да се направат мали пробни површини поради проверка дали производот/подлогата се правилно подготвени и дали се обезбедени соодветни услови за употреба и изведба. Доколку не се, ве замолоуваме да престанете со работа и да се обратите кај претставник на компанијата Saint-Gobain. Компанијата не прифаќа одговорност за неправилна изведба со наведениот материјал како и користење на материјалите за работи кои не се наведени во описот на производот. Рекламации по завршувањето на изведбата на работите не се прифаќаат. 

Алат за работа:

За мешање: електричен миксер

За нанесување: долговлакнест валјак или четка. 

Потрошувачка на производот:

Околу 0,2-0,25 kg/m2 за слој на фасадна подлога. Потрошувачката може да варира во зависност од впивливоста на површината и условите во кои се врши нанесувањето на фасадната подлога, видот на алатот, температура на воздухот, површината и слично.

Безбедност на производот:

Производот не е класификуван како опасен.  

Содржи реакциона смеса од 5-хлор-2метил-4-изотиазолин-3-она и 2метил-2Н-изотиазол-3-она (3:1).  

Може да предизвика алергиска реакција.

Карактеристики и предности

Боја на производот: EnveoGrund е фасадна подлога во бела боја може да се тонира по Enveo тон карта.

Пакување: пластична канта 25kg, 600kg на палета, пластична канта 8kg, 480kg на палета.

Рок на траење: 12 месеци од датумот на производство втиснат на кантата.

Детални информаци за производот, дополнителна документација и безбедносен лист, можете да пронајдете на официјалната интернет страницата www.saint-gobain.mk 

..

Документи

Поврзани производи

Контактирајте не

Тел: +389 2 2443494
[email protected]

Име и презиме

* задолжително

CAPTCHA