EnveoKleber Premium Light

ИСКЛУЧИТЕЛНО ФЛЕКСИБИЛНО БЕЛО ЛЕПИЛО СО ЛЕСНИ ПОЛНИЛА ЗА ЛЕПЕЊЕ И АРМИРАЊЕ EPS, XPS И МИНЕРАЛНА ВОЛНА
Прочитај повеќе
Затвори
ИСКЛУЧИТЕЛНО ФЛЕКСИБИЛНО БЕЛО ЛЕПИЛО СО ЛЕСНИ ПОЛНИЛА ЗА ЛЕПЕЊЕ И АРМИРАЊЕ EPS, XPS И МИНЕРАЛНА ВОЛНА

Пресметајте колку материјал ви треба

EnveoKleber Premium light е фабрички подготвено градежно лепило за термоизолација на база на лесни полнила, бел цемент и адитиви, со додадени адитиви лесено за нанесување и обработка. Исклучително флексибилно решение, цврсто се врзува за подлогата и погоден е за фасадни системи оптоварени со природен или вештачки камен, клинкер плочки и сл. Лесните полнила овозможуваат да се нанесува во дебел слој со намалена потрошувачка до 30%. 

Предности на производот: 

зголемена отпорност на механички оштетувања

погоден за подебел нанос

висока флексибилност

Употреба:

Наменето е за лепење и армирање на EPS, XPS и камена волна. Производот EnveoKleber Premium light не е завршен слој. 

Подоготовка на површината:

Подлогата на која се нанесува производот мора да биде чиста, цврста, сува, без дамки од маснотии и масло, носива и без делови кои се одовојуваат. Остатоци од стари бои, вар и супстанци кои ја намалуваат лепливоста (масло од оплати, прашина, сол и други нечистотии) неопходно е целосно да се отстранат. Доколку површината е изложена на влага, неопходно е прво да се санираат оштетувањата кои предизвикуваат појава на влага или да се изработи изолационен слој. Површините со отстапки од вертикалните рамнини поголеми од 1,5cm на катна висина се израмнуваат со надворешен цементен малтер. Израмнувањето на површината со лепило не е дозволени, премногу дебел нанос може да доведе до пукнатини во лепилото, намалување на прилепливоста, што може да доведе до пукнатини на површината на фасадата и одлепување на изолационите плочи.

 

Бетонски подлоги, малтери на база на цемент и вар мора да бидат стари од мин. 28 дена со остаток на влага од ≤ 2%, релјеф направен механички и исчистени од прашина. Многу впивливите површини (пр. гас-бетон), стари малтери и цигли, стари минерални фасади потребно е да се премачкаат со длабоко пенетрирачка подлога најмалку 6h пред лепење. Нови и чисти површини како полна цигла, блок не е неопходно да се премачкаат со подлога. 

Подготовка и вградување на производот

Истурете 17kg лепило во 6l чиста вода, мешајте со електричен миксер до дното на кантата, додека материјалот не се хомогенизира. По мешањето, оставете го да отстои 5-10 минути па потоа повторно промешајте, употребете го лепилото во рок од 1 час. 

Поставете почетна лајсна пред почетокот со лепење на термоизолационите плочи, за да се формира правец. По тоа пристапете со лепење со лепилото EnveoKleber Premium light.

Пред нанесување на лепилото на камена волна неопходно е тенкослојно глетување на деловите од плочата каде ќе се нанесува лепилото или пак глетување преку целата површина со EnveoKleber Premium light за да се направи импрегнација на плочата. Лепилото се нанесува на задната страна на термоизолационата плоча - линиски по краевите на плочата и точкасто во средина. За лепење стиропор се применува лепење исто како и кај камената волна, линиски по краевите на плочата, точкасто во средина. Прекриеноста на плочата со EnveoKleber Premium light лепилото мора да биде најмалку 40% од вкупната површина на термоизолационата плоча, за да се оствари добар контакт со површината на која се лепи. Термоизолационите плочи се лепат наизменично по целата површинa, овој метод се постигнува со тоа што секој следен ред се повлекува за 30cm за да не дојде до преклопување на вертикалните споеви. На аглите се применува метода на наизменично преклопување (вкрстување на плочите). При лепење на термоизолационите плочи околу отворите на фасадата, треба да се внимава линиите од отворите да не се поклопуваат со споевите на плочите. Празнините помеѓу термоизолационите плочи се пополнуваат со термоизолациониот материјал, никако со лепило за да се спречи појава на термички мостови. 

Типлувањето и отсекувањето на вишокот од плочите на аглите се прави најрано 48h по лепењето. Минимален број на типли е 5 пар./m2 за стиропор додека кај камената волна потребно е минимално 6 пар./m2 и мора да бидат типли со челичен клин.

Пред армирање на комплетната површина се вградуваат аголни појачувања околу сите отвори на фасадата, се поставува мрежа од минимална димензија 30cm x 50cm во свежо нанесено лепило EnveoKleber Premium light, така што мрежичките да бидат постабени под агол од 45° во однос на аглите од отворите. Потоа се поставуваат неопходните лајсни со за засилување на аглите (PVC аголна лајсна, контактни лајсни, окапни лајсни итн.) Армирањето се прави со нанесување лепило на назабена челична глетарка најмала дебелина на забците од 8mm. Во свежо нанесеното лепило благо се втиснува EnveoTherm армирачка мрежа, водејќи сметка да има преклопи од најмалку 10cm. По најмалку 24h се пристапува кон завршно порамнува на површината со лепило. Минималена вкупна дебелина треба да изнесува 4mm ( препорачливо е 5-7mm), а мрежата да биде позиционирана така да 2/3 од вкупната дебелина на лепилото да биде помеѓу мрежата и термоизолационата плоча.

Нанесување на фасадна подлога се врши по целосно сушење на лепилото EnveoKleber Premium light или најрано за 48h од нанесувањето на завршниот слој лепило.

 

* сите наведени параметри се однесуваат на стандардни временски услови: температура 20°C, релативна влажност на воздухот до 65%. 

При вградување и сушење температурата на подлогата и воздухот мора да изнесува помеѓу 5°C и 30°C. Нанесениот материјал мора да се заштити од сончеви зраци, ветер и дожд најмалку 48 часа, по што се постигнува отпорност на атмосферски влијаниа. Препорачана метода за заштита е поставување заштитна мрежа но може да не биде доволна доколку наведените влијаниа се со јак интензитет. Доколку временските услови не се во склад со наведените, потребно е постапката за изведба да се одложи и да се почека до нормализирање на оптималните условите за работа.

 

 

Произведувачот препорачува пред почетокот на работата да се направат мали, пробни, површини поради проверка дали производот/подлогата се правилно подготвени и дали се обезбедени соодветни услови за употреба и вградување. Доколку не се, ве замолуваме да прекинете со работиа и да се обратите кај претставник од компанијата Saint-Gobain. Компанијата не прифаќа одговорност за неправилна изведба со наведениот материјал како и користење на материјалите за работи кои не се наведени во описот на производот. Рекламации по завршувањето на изведбата на работите не се прифаќаат. 

Алат за работа:

За мешање: електричен миксер  

За нанесување: челична глетарка, шпакла  

Потрошувачка на производот:

За лепење термоизолациони плочи од стиропор:

околу 3,5-5kg/m2 во зависност од дебелината на наносот на лепилото, условите во кои се врши лепење и површините на кои се лепи плочата. За армирање: околу 3-4kg/m2 во зависност од дебелината на наносот на лепилото и условите во кои се врши армирањето.

 

 

За лепење термоизолациони плочи од камена волна:

околу 5-7kg/m2 во зависност од дебелината на наносот на лепилото, условите во кои се врши лепење и површините на кои се лепи плочата. За армирање: околу 3,5-5kg/m2 во зависност од дебелината на наносот на лепилото и условите во кои се врши армирањето. 

Безбедност на производот:

Опасни состојки: портланд цемент бел 20-50%.

Доведува до тешки оштетувања на очите. Предизвикува иритација на кожата. Може да предизвика алергиска реакција на кожата. Може да предизвика иритација на респираторните органи. Носете заштитни ракавици, заштитни одела и заштитни очила и заштита за лице. АКО ДОЈДЕ ВО КОНТАКТ СО ОЧИ: Внимателно измијте со вода неколку минути.

Отстранете ги контактни леќи, доколку ги имате и доколку тоа е возможно. Продолжете со измивањето. Веднаш повикајте ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА ОД ТРУЕЊА или обратете се кај доктор. АКО ДОЈДЕ ВО КОНТАКТ СО КОЖА: Исмијте се со многу вода и сапун. АКО СЕ ВДИШЕ: Изнесете ја личноста на свеж воздух и поставете ја во положба која ќе и го олесни дишењето. Одложувањето на содржината и амбалажата е во склад со локалните прописи. Содржината на растворливиот хром Cr (VI) во производот е помал од 0,0002% пресметан на вкупната маса на сув цемент. 

Карактеристики и предности

Боја на производот: EnveoKleber Premium light е бело лепило.

Пакување: натрон вреќа 17kg, 816kg на палета.

Рок на траење: 12 месеци од датумот на производство втиснат на пакувањето.

Детални информации за производот, дополнителна документација и безбедносен лист, можете да пронајдете на официјалната интернет страница www.saint-gobain.mk 

..

Документи

Поврзани производи

Контактирајте не

Тел: +389 2 2443494
[email protected]

Име и презиме

* задолжително

CAPTCHA