Подни системи

Изолација на подот

Изолација на подот

 

Соодветната подна изолација ќе ви помогне за постигнување удобност со поголема подна топлина и помала бучава.

Изолацијата на подот ќе ги намали трошоците за енергија и ќе ја зголеми ефикасноста на подното греење. Дополнително, ако живеете во повеќекатен објект, соодветната подна изолација ќе ја изолира и придуши бучавата што се шири од горниот кат  кон долниот.

Решенија и производи за подови

Производи во понудата

Изолацијa

До 25% од целата топлина може да избега низ неизолираниот под. Изолацијата главно се наоѓа таму каде што подот ги одвојува местата со голема температурна разлика, на пример дневната соба и гаражата. Постојат различни видови на подна изолација, но минералната волна се смета меѓу најдобрите.


Изолацијата на подот е клучен дел од изградбата и реновирањето на објектите, особено имајќи ги во предвид локалните климатски услови. Добро изолираниот под може значително да ја подобри енергетската ефикасност на домот, да ги намали трошоците за греење и ладење и да ја зголеми удобноста за живеење.


Изолацијата на подот спречува губење на топлина во зима и прегревање во лето. Ова ја намалува потребата од користење на системи за греење и ладење, со што се намалуваат трошоците за енергија. Топлите подови во текот на зимата и студените подови во текот на летото го прават престојот во домот поудобен. Изолацијата помага да се одржи удобна температура на подот.

Намалувањето на бучавата

Изолацијата на подот исто така ќе го спречи преносот на бучава помеѓу просториите. Пред сè, ја намалува гласната музика или говорот - т.е. звукот што патува низ воздухот. Но, има и звук на чекори што се шири низ конструкцијата а тој најчесто е предизвикан од одење, движење на мебел или предмети кои паѓаат на земја. Во двата случаи, минералната волна е најдоброто решение. Добрата звучна изолација на подот може значително да го подобри квалитетот на животот со намалување на преносот на бучава помеѓу подовите и соседните простории.


Намалувањето на бучавата од соседните соби и подови го прави домот потивко и попријатно место за живеење. Звучната изолација обезбедува поголема приватност во домот, спречувајќи пренос на звуци помеѓу собите. Помалата бучава придонесува за подобра концентрација, помирен сон и општата благосостојба на луѓето. Инвестирањето во квалитетни материјали и технологии за изолација на звук може значително да го подобри квалитетот на животот и работата, да го намали стресот предизвикан од бучавата и да ја зголеми вредноста на недвижниот имот.

 

Пронајдете го соодветниот производ

Вашите најсоодветни решенија

 

Производи за подна изолација

 

Контактирајте не

 

Испратете ни е-пошта

Јавете ни се

+389 2 2443494

Посети не

Saint-Gobain Производи за Градежништво Унгарија
Преставништво Македонија

Ул. 808 бр.2, 1030 Скопје