Решенија за Tехничка изолација ISOVER
Одржана стручна презентација на решенијата за Tехничка изолација Isover Saint Gobain во соработка со Комората за овластени архитекти и инженери.
Реставрација на стари фуги
Реставрацијата на фугите на плочките е често обемен процес. Откријте ги нашите совети како да ја подготвите површината, да ги одберете вистинските алатки и да ги фугирате плочките. Со Weber фуга заштитете ги површините од алги и мувла.
Rigiprofil® UD и CD профили
Rigips UD и CD профили изработени од галванизиран, некорозивен челик, перфорирани по целата површина за дополнителна механичка цврстина споредено со профили кои имаат мазна, рамна површина. Се употребуваат за изведба на плафони.
Rigiprofil® UW и CW профили
Rigips UW и CW профили изработени од галванизиран, некорозивен челик, перфорирани по целата површина за дополнителна механичка цврстина споредено со профили кои имаат мазна, рамна површина. Се употребуваат за изведба преградни ѕидови, облоги и во систем со акустични перформанси.
Rigips ® Blue Acoustic RFI
Rigips® Blue Acoustic RFI е специјална акустична огноотпорна и импрегнирана гипс-картонска плоча со стаклени влакна и адитиви кои на плочата и даваат посебни карактеристики за системи за акустика, заштита од пожар и влага, обложена со сина картонска обвивка.
Rigips ® Habito
Rigips® Habito е специјална иновативна цврста, носива и акустична гипс плоча тип DFRI отпорна на удари, идеална за внатрешни и преградни ѕидови.