webertene AquaBalance
ОТПОРНА НА АЛГИ И МУВЛА
ОТПОРНА НА АЛГИ И МУВЛА
ОТПОРНА НА АЛГИ И МУВЛА
ОТПОРНА НА АЛГИ И МУВЛА
Опис на производот
Револуционерниот webertene AquaBalance е пастозен завршен малтер во кој е развиен физички процес на капиларна апсорпција на влагата. Тој процес функционира од првиот ден во текот на цел животен век на фасадата и претставува одлична контрола на влажност на површината и го забрзува сушењето на завршниот слој. После престанокот на врнежи од дожд, влагата која претставува природна станица на алги и мувла забрзано испарува, што го оневозможува нивното формирање.
Со webertene AquaBalance иновативниот фасаден малтер, Saint-Gobain Weber го разви првиот фасаден малтер кој ја регулира, а не ја потиснува влажноста. До тој момент, истражувањата поврзани за фасадните малтери биле во голема мерка фокусирани на хидрофобните премази, односно на премази кои одбиваат вода. Тие го забрзуваат брзото сушење на водените капки, меѓутоа и дел од нив остануваат во вдлабнатините на малтерот. Овие влажни површини создаваат идеална хранлива површина која како последица овозможува појава на алги и мувла.