
Опис на производот
Се употребува на внатрешни површини, за лепење на гипс картонски плочи на тула, бетон и гас бетон. Површините мора претходно да бидат импрегнирани со соодветна подлога за да се осигура добра адхезија.
Предности:
- Суво малтерисување заштедува време
- Идеално мазни површини, без пукнатини
Технички информации за произвoдот:
Назив | Пакување | Состав и боја / Отворено време: | Начин на нанесување | Потрошувачка/m2 | Логистичка информација вреќи/ на палета |
---|---|---|---|---|---|
Rigips® Rifix- лепило за гипс картонски табли (прашкаст производ) |
Вреќа 25 kg (вакумирана пластика - PE) | *На база на гипс *Боја: сива *Отворено време: околу 60 мин |
Рачно (13l/25 kg прашкаста смеса) | 4-6 kg/m2 | 40 вреќи |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.