
Опис на производот
webercol classic extra е лепило со сива бојa, фина гранулација и поголема сила на врзување, направен од цемент, висококвалитетен песок и адитиви, збогатен со полимери. Се препорачува да се користи за плочи со мали и средни димензии.Благодарение на унапредената рецептура намалено е пролизгувањето на плочките при изведба и има продолжено време за работа. Производот се користи за внатрешни и надворешни позиции, за лепење керамика на под и ѕид.
Карактеристики и предности
- стандарно лепило засилено со полимери (C1)
- за внатрешни и надворешни работи
- за лепење на плочки без лизгање (T)
- со продолжено отворено време на работа (E)
- за подови и ѕидови
- одлично врзување за помалку впивливи подлоги
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеwebercol classic extra | палета (kg)1200 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина5.00 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.