
Опис на производот
webercol flex tixogel е иновативно флексибилно лепило со сива боја, класификација C2TE S1, иновативна кремаста структура, зголемена јакост на врзување, изработно со специјална tixogel технологија, последна генерација. Благодарение на избраните агрегати, мешавината на органски адитиви и врзувачи, креирано е лепило во форма на гел, кое создава идеална врска за сите видови на плочки и секој вид подлоги на кои се нанесува. Се употребува за внатрешни и надворешни изведби, балкони, тераси, бањи, кујни, индустриски подови како и кај системи со подно греење.
Карактеристики и предности
- исклучителна флексибилност и јакост
- за внатрешно и надворешно работење
- унапреден со tixogel технологија
- без лизгање на плочките
- за реновирање на објекти
- кремастa структурa
- ја олеснува и забрзува работата на мајсторот
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеwebercol flex tixogel вреќа | палета (kg)1200 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина5.00 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.