
Опис на производот
weberprim akril основен премаз кој се користи за подготовка на подлогата пред нанесување на завршен декоративен малтер или фасадна боја. Производот е изработен од висококвалитетна акрилна емулзија, адитиви и полимери. weberprim akril G производ во кој има гранулација и најчесто се користи пред нанесување на фасаден малтер. По нанесувањето на производот се подобрува водоодбојноста на подлогата. Може да се применува и на внатрешни ѕидови кога како завршен слој се користи некој од декоративните малтери.
Карактеристики и предности
- за изедначување и импрегнирање на површини
- пред нанесување на фасадни бои и декоративни малтер
- ја зголемува водообојноста на подлогата
Потрошувачка kg/m²
0,2-0,25
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) |
---|---|---|
Имеweberprim akril / akril G | палета (kg)480 | Тежина (kg)8 |
Имеweberprim akril / akril G | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.