
Опис на производот
weberprim beton kontakt e премаз за изедначување на внатрешни и надворешни вертикални бетонски површини. Пред употреба, површината мора да биде чиста и сува, носива, без бои и масни наслаги. Премазот се нанесува со четка, валјак на чиста бетонската површина.
Ако се нанесува на свеж бетон, неопходно е премазот да се разреди со вода во размер од 1:1. Бетонот мора да биде стар најмалку 28 дена со максимално 2,5% влага.
Карактеристики и предности
- пред нанесување малтер и маса за израмнување
- погоден за гипс картонски плочи
- погоден и за пред керамички работи
- со гранулација за подобрена адхезија
Потрошувачка kg/m²
0,15-0,30
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
ИмеWeberprim beton kontakt канта | палета (kg)480 | Тежина (kg)8 | Вкупна покриена површина26.00 |
ИмеWeberprim beton kontakt канта | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина83.00 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.