
Опис на производот
weberprim podloga е акрилен транспарентен концентриран основен премаз за внатрешни и надворешни површини, со овој производ се добива подлога со подобрена впивливост, еластичноста и цврстина.
Пред употреба, да се разреди со вода во однос 1:8 (на 1 дел од подлогата одат 8 делови вода). Разредената подлога се нанесува со валјак или со шприцање. Кај многу сувите и впивачките ѕидни површини нанесувањето се врши во два слоја.
Карактеристики и предности
- се употребува пред нанесување на дисперзивна боја
- ја егализира впивливоста на подлогата
- ги подобрува неутрализацијата и зацврстувањето на подлогата
- идеален за стабилизација и импрегнација на проблематични површини
- ги врзува ситните правливи честички кои не можеме да ги отстраниме со чистење
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеweberprim podloga канта | палета (kg)240 | Тежина (kg)1 | Вкупна покриена површина40.00 |
Имеweberprim podloga канта | палета (kg)288 | Тежина (kg)3 | Вкупна покриена површина120.00 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.