Brand
Фасада - Надворешни ѕидови

weberprim steel

Микроармирачки акрилен фасаден премаз со микровлакна
Прочитај повеќе
Затвори
Микроармирачки акрилен фасаден премаз со микровлакна
Спремно за употреба

Опис на производот

 

weberprim steel e микроармирачка акрилна фасадна подлога со микроармирачки влакна за изедначување, неутрализација, зацврстување и водоодбојност на подлогата пред нанесување на фасадна боја и декоративен малтер. 

Се употребува за импрегнација, неутрализирање пред санација и репарација на стари фасадни површини.

При првиот нанос на подлогата да се разреди со максимум 30% вода, а при вториот нанос со максимум 10% вода. Нанесувањето да се врши со четка или валјак. Кај сувите и впивливите површини грундирањето се врши два пати на растојание од 2 до 3 часа. Време на сушење – минимум 24 часа.

 

Карактеристики и предности

  • за импрегнација на минерални и фасадни подлоги со микропукнатини
  • пред нанесување на фасадната боја weberton steel
  • како подлога на стари фасадни површини пред репарација и санација
  • се тонира по weber тон карта


Потрошувачка kg/m²
0,2-0,25

Потрошувачка и пакување

Articles information
Име палета (kg) Тежина (kg) Вкупна покриена површина
Имеweberprim steel канта палета (kg)480 Тежина (kg)8 Вкупна покриена површина26.50
Имеweberprim steel канта палета (kg)600 Тежина (kg)25 Вкупна покриена површина83.00

Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за 
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.

Калкулатор на потрошувачка

Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.

Површина
Висина (m)
Ширина (m)
Количина (m²)
Ѕид
Висина (m)
Ширина (m)
Количина (m²)
Отвор
Висина (m)
Ширина (m)
Количина (m²)

Документи за производот

Избери се
Atest-weberprim-steel
TL-weberprim-steel