
Опис на производот
webertec superflex 10 е флексибилен, двокомпонентен, битуменски, дебелослоен, хидроизолационен премаз со полистирен, наменет за изолирање на сите надворешни подземни конструкции, подземни ѕидови, темели и темелни плочи. Се употребува и за хидроизолација под керамички плочи во простории со висока релативна влажност (тоалети, бањи), балкони, тераси, хидроизолација под естрихт. Производот е наменет и за лепење термоизолациони плочи од стиропор и стиродур.
Просечна потрошувачка:
Подрачје на примена | Потрошувачка за m² | Дебелина на сув слој |
Спречување на продор на влага и вода без притисок | Min. 3,5l | Min.3mm |
Спречување продор на вода под притисок | Min 4,5l | Min.4mm |
Хидроизолирање на цокле | Min. 3,5l | Min.3mm |
За точкасто лепење термоизолациони плочи | околу 2l | / |
За лепење термоизолациони плочи по цела површина | околу 4l | / |
Карактеристики и предности
- Високо флексибилен, премостува пукнатини
- Ниско собирање при процесот на сушење, содржина на сува материја ≥90
- 1,1mm дебелина од свежиот материјал = 1mm дебелина на сув материјал
- Премостува пукнатини до 5mm
- Погоден за рачно и машинско нанесување
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.