
Опис на производот
webertherm reflect е градежно лепило во бела боја, со фина и мека структура. Може да се употребува како лепило за сите термоизолациони облоги (eps, xps, графитен eps, камена волна). Се користи како армирачки слој, бидејќи е доста флексибилено и може да издржи големи померувања во фасадниот ETICS систем, кои настануваат при големи и нагли промени во температурата на самата фасада. Со ова се овозможува долг век на фасадниот систем и драстично намалување на можноста за појавување пукнатини и експлоатација на фасадата. Сите подлоги на кои ќе се лепи термоизолацијата со webertherm reflect лепилото, претходно мора да бидат подготвени: суви, рамни, чисти, цврсти и обезмастени. Поголеми нерамнини и оштетувања на подлогата се пополнуваат со цементен малтер, не со фасадно лепило. Кога лепиме камена волна на задната страна нанесуваме тенок слој лепило на целата површина, а потоа го вградуваме лепилото исто како и со стиропор.
|
|
|
|
|
|
|
|
Карактеристики и предности
- флексибилно лепило со изразена бела боја
- за лепење и армирање
- соодветен за сите носиви подлоги
- дел од webertherm Reflect фасадниот систем
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
ИмеWebertherm reflect армирање бел EPS и XPS | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина4.16 |
ИмеWebertherm reflect лепење бел EPS и XPS | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина4.16 |
ИмеWebertherm reflect армирање камена волна | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина3.12 |
ИмеWebertherm reflect лепење камена волна | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина3.12 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.