Опис на производот
weberton silikon e дисперзивна фасадна боја изградена на база на висококвалитетна силиконска и полимерна емулзија, се карактеризира со исклучителна белина и покривност.weberton silikon се карактеризира со висока покривност и водоодбојност, како и отпорност на атмосферските влијанија. Се употребува кај нови објекти, како и при освежување и пребојување на стари фасади. Бојата пред употреба мора добро да се размеша, потоа се разредува со вода, по што се нанесува еден, а по сушењето и втор слој.
Карактеристики и предности
- исклучително водоодбојна
- долговечна и постојана
- погодна за обнова на стари варовни и минерални подлоги
- произведено по австриска рецептура
Потрошувачка kg/m²
0,25-0,4
Потрошувачка и пакување
Име | палета (kg) | Тежина (kg) | Вкупна покриена површина |
---|---|---|---|
Имеweberton silikon канта | палета (kg)600 | Тежина (kg)25 | Вкупна покриена површина62.00 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.
Калкулатор на потрошувачка
Овој калкулатор е направен за да ви помогне да направите приближна калкулација на количината на производот што ви е потребна за проектот.