
Isover Domo
Опис на производот
Минерална стаклена волнa во ролна со термална кондуктивност λ D = 0.039 W/mK како одлично решение за сите видови топлинска и звучна изолација. Isover Domo се користи за места изоложени на помали механички барања како тавани, коси кровови помеѓу и под рогови, или преградни ѕидови. Исто така е едноставна за вградување и е исклучително еластична.
Подрачје на примена:
- Изолација на коси кровови и поткровја-помеѓу и под роговите
- Ѕидови на дрвени куќи
- Преградни ѕидови
- Спуштени плафони како звучна изолација
Карактеристики
- Ниска топлинска спроводливост
- Противпожарна сигурност-незапалив материјал, не гори
- Исклучителни акустични својства
- Лесна за работа, нетоксична
- Едноставно вградување на сите видови дрвени конструкции – производот е еластичен
- Едноставна за вградување помеѓу рогови-волна која е 1-2 cm поширока од светлиот простор помеѓу роговите, самостално стои вклештена помеѓу нив.
- Во текот на вградувањето можат да се пробијат елементите за прицврстување на облогата (прирабници, сидра)-тоа го елиминира просторот без изолационен материјал кој преставува топлински мост
- Низок отпор на проаѓање на водената пара
- Неограничен временски отпор во вертикална положба
- Минерална стаклена волна која допринесува за заштита на животната средина
- Вододбојна минерална стаклена волна
- Не ги менува својствата со текот на времето
- Отпорна на габи, мувла, глодари и инсекти
- Хемиски неутрална, некорозивна
- Лесна за обработка-може да се сече и да се буши
Технички информации за произвoдот:
Декларирана топлинска спроводливост λ
EN 126670,039 W/(m•K)
Димензиско отстапување: дебелина
EN 823T1
Коефициент на парапропусност μ
EN 120861
Реакција на пожар, Eурокласа
EN 13501-1A1
Надолжен отпор на протокот на воздух
EN 29053> 5 kPa•s/m2
Потрошувачка и пакување
Име | Ширина (mm) | Дебелина (mm) | Должина/палети | м2/палети | Ролни/палета | Палети/камион |
---|---|---|---|---|---|---|
ИмеISOVER DOMO TWIN 10/5 | Ширина (mm)1200 | Дебелина (mm)50 | Должина/палети2x7500 | м2/палети432 | Ролни/палета24 | Палети/камион22/24 |
ИмеISOVER DOMO TWIN 10/5 | Ширина (mm)1200 | Дебелина (mm)50 | Должина/палети2x7500 | м2/палети540 | Ролни/палета30 | Палети/камион22/24 |
ИмеISOVER DOMO 80 | Ширина (mm)1200 | Дебелина (mm)80 | Должина/палети9400 | м2/палети338,40 | Ролни/палета30 | Палети/камион22/24 |
Напомена: Сите наведени параметри се однесуваат на стандардните временски услови:
температурa 20°C, релативна влажност на воздух до 65%. Доколку временските услови не се во
согласност со наведените потребно е постапката на работењето да се прилагоди кон дадените
околности. Weber гарантира дека квалитетот на испорачаните производи е во согласност со сите
норми и правила на производство на производот. Koмпанијата не сноси одговорност за
неправилното изведување на работите со наведениот материјал, за користење на материјалот во
цели кои не се наведени во описот на производот, како ни за изведување на работите при
временските услови кои не се во согласност со наведените во описот на работата. Weber
препорачува пред почетокот на работата да се направат пробни површини. Компанијата прифаќа
рекламации само на квалитетот на производот, доколку истиот е складиран, подготвен и
применет според издадените упатства.